Хроника

Тешко повреден мотоциклист во судар со автомобил на „Пластичарска“

Сообраќајната незгода се случила синоќа околу 22:40 часот, по која медицински екипи брзо го префрлиле повредениот во болница

Возач на мотоцикл е тешко повреден во судар со автомобил на делот од булеварот „Никола Карев“ познат како „Пластичарска улица“ во Скопје доцна синоќа.

Сообраќајната несреќа се случила околу 22:40 часот, а медицински екипи брзо интервенирале и го префрлиле тешко повредениот во болница.

По пријавата, на местото на настанот веднаш пристигнале полициски службеници и извршиле увид и почнале истражни активности за утврдување на причините за несреќата.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top