Свет

Американците незадоволни од акциите на имиграциската полиција, намален на 38 отсто рејтингот на Трамп по настаните во Минеаполис

Според истражувањето, стапката на одобрување на политиките на Трамп меѓу Американците изнесува 38 проценти, што е најниско ниво од јануари 2025 година, кога повторно ја презеде функцијата. Во средината на јануари неговиот рејтинг беше 41 процент. По настаните во Минеаполис, рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво од неговото враќање во Белата куќа, покажува најновата анкета на Ројтерс и Ипсос.

„Мајка на сите договори“: Индија и ЕУ финализираа историска слободна трговска спогодба

Индија и Европската Унија денеска направија историски чекор кон продлабочување на економските врски, откако успешно ги финализираа преговорите за слободна трговска спогодба (FTA) по речиси две децении преговори.

По самитот во Рим: Германија и Италија ја водат борбата за конкурентна и автономна Европа

Со слабеењето на традиционалната француско-германска оска (моторот на Европската Унија), германскиот канцелар Фридрих Мерц сè повеќе се потпира на соработката со италијанската премиерка Џорџа Мелони, која станува негов клучен партнер во водењето на европските работи.

Смртоносниот вирус „Нипах“му се заканува на светот,за кој нема лек, ниту вакцина! Во Индија пет заразени, а 100 во карантин!

Индиските здравствени власти се во вонреден режим во обид да ја сопрат новата епидемија на вирусот „Нипах“– опасна зооноза што се пренесува од лилјаци на луѓе и има стапка на смртност меѓу 40 и 75 проценти. Според најновите информации, потврдени се пет случаи на инфекција во областа околу Калкута, додека речиси 100 лица се ставени под здравствен надзор поради можен контакт со заразени, објавуваат локалните медиуми.

Уште 20 земји се пријавиле да се приклучат кон „Одборот за мир“ на Трамп!

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, денеска објави дека уште 20 земји „поднеле барање да се приклучат кон Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп“. Ливит не ги именуваше земјите што аплицирале, објавија американските медиуми.

На протестот вечерва во Тирана се судрија полицијата и демонстранти, кои фрлаа и „молотови коктели“ (Видео)

Голем протест на опозициската Демократска партија (ПД) се одржа денес во Тирана пред седиштето на владата, а демонстрациите ескалираа во немири во текот на вечерта откако некои учесници фрлија молотови коктели и петарди кон зградата на владата. Полицијата ја растера толпата со помош на водени топови и солзавец, според локални извори.

Најмалку 18 загинати во зимско невреме низ САД – некои починале од измрзнување

Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена мртва на паркинг на напуштена бензинска пумпа – соопштија локалните власти. Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по несреќа во која удрил со санка во дрво, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Салин.

Бугарските лекари бегаат, болниците ангажираат доктори од Индија, Судан, Ирак и Сомалија да ги лекуваат Бугарите

Во болницата „Рахила Ангелова“ во Перник, Бугарија, во моментов работат 14 лекари од Индија, Судан, Сомалија, Турција и Ирак, откако многу бугарски лекари ја напуштиле земјата.

Трамп да се извини дека германски војници „избегнувале“ да се борат во Авганистан

Трамп длабоко ги навреди сојузниците на САД откако минатата недела изјави дека на САД „никогаш не им требала“ алијансата и ги обвини сојузниците дека стоеле „малку надвор од фронтовските линии“

To top