Македонија

Касами: Има планови за палење на џамијата на Попова Шапка и за меѓуетнички судири!

Дојдоа ли на ред во предизборието и верските објекти во нечии мрачни агенди и дестабилизациски планови?!

„По Аднан Азизи, шефот на Централниот изборен штаб на коалицијата Вреди, сега и лидерот на Беса и градоначалник на Тетово Билал Касами вели дека постојат планови за палење на џамијата на Попова Шапка!“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“

Во својата информација порталот наведува: Откако синоќа на митинг во Теарце, Аднан Азизи упати тешки верски обвинувања дека има планови да биде запалена џамијата на Попова Шапка, денес и градоначалникот на Тетово Билал Касами ги потврдува овие негови зборови.

Касами нагласува дека постојат индикации за меѓуетнички судири и оти безбедносните институции се информирани за плановите за палење на џамијата на Попова Шапка.

„Информациите како од дома, така и од соседните земји, укажуваат дека неодамнешниот конфликт со тепачки е стимулиран од такви елементи. Во со случајот со џамијата на Попова Шапка безбедносните институции се информирани, тие со внимателност го следат секој чекор во оваа насока. На овие институции им се дадени предлози да ја следат ситуацијата 24 часа на ден и да не толерираат одредени елементи, кои создаваат меѓуетнички конфликти за политички цели за време на предизборниот период. Ги собираме фактите и аргументите, што ги имаме, и ќе ги информираме и амбасадите во земјата.“ – рече Касами,

Албанските опозициски партии побараа Обвинителството веднаш да покрене истраги во врска со овие изјави на Аднан Азизи и Билал Касами и да ја открие вистината, објави „Тетова сот“

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top