Македонија

23 Октомври – потсетник за непокорот и обврската кон иднината

ВМРО-ДПМНЕ повикува на создавање услови младите да останат во татковината

Партијата ВМРО-ДПМНЕ денеска упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, нагласувајќи дека македонската државност претставува наследство од минатите генерации, но и обврска за создавање подобра иднина, особено за младите.

„23 Октомври нѐ потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија“, се наведува во партиската честитка.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на 23 октомври 1893 година, кога била основана Македонската револуционерна организација, која одиграла значајна улога во борбата за слобода, автономија и национално достоинство. Според партијата, македонските револуционери ги поставиле темелите на борбата за правото на македонскиот народ самостојно да ја гради својата иднина, да ги негува јазикот, културата и традициите и достоинствено да живее во сопствена држава.

„Овој ден е сведоштво за непокорот на еден народ, за силата на една идеја и за вековниот стремеж на Македонците да живеат слободни, свои на своето, во сопствена држава“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во честитката се нагласува дека почитувањето на револуционерното наследство не треба да се сведе само на одбележување на историските настани, туку и на одговорност за развојот на државата. Посебен акцент е ставен на создавањето услови младите да останат во Македонија и тука да ја градат својата иднина.

„Наше е да ја градиме државата со чесност, знаење, труд и одговорност, да се стремиме кон правда, демократија и просперитет, да создаваме општество во кое младите ќе имаат причина да останат, да учат, да работат и да ја остваруваат својата иднина во сопствената татковина“, се наведува во честитката.

Од партијата испраќаат и порака за единство, нагласувајќи дека различните ставови не треба да бидат пречка за заедничка грижа за државата.

„Нека 23 Октомври биде потсетник дека единството не значи сите да размислуваме исто, туку да знаеме дека љубовта кон татковината, почитта кон нашата историја и грижата за идните поколенија се вредности што нѐ обединуваат“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Честитката завршува со повик да се зачува наследството на револуционерите и да се продолжи изградбата на слободна, достоинствена и просперитетна Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница за забраната на сонцето од Кутлеш

Градските власти на Мелбурн ја признаа грешката по независна анализа на одлуката со која македонските учесници беа спречени да го носат знамето на фестивалот Мумба. Во март годинава градот Мелбурн им наложил на македонските учесници на овој фестивал да го користат само државното знаме на Македонија.

Студентите се враќаат во „Кузман Јосифовски – Питу“, домот се отвора за еден месец

Владата и студентските претставници разговараат за промена на досегашниот начин на субвенционирање. Предложениот модел предвидува зголемување на месечната поддршка од досегашните 3.500 на 4.500 денари, воведување посебна дигитална услуга преку платформата „М-услуги“, како и дополнителни попусти при купување храна во вклучените угостителски и трговски објекти.

Македонија планира инвестиции од пет до шест милијарди евра во патишта и во железници

На форумот се разговараше и за примената на вештачката интелигенција и современите технологии. Николоски посочи дека со измените на Законот за јавните набавки се предвидува воведување дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за автоматизирано следење на постапките и откривање неправилности и ризици.

Силјановска-Давкова: Ние сме рекордери во промената на Уставот, за три децении 36 пати!

Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор – истакна денеска претседателката Гордана Силјановска-Давкова на отворањето на научната конференција по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија. Конференцијата е во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државниот архив.

Христовски: Мала е опасноста од терористички активности во Македонија

„Мала е опасноста од од терористички активности во Република Македонија, каква што е подолго време наназад, и покрај глобалните трендови на зголемување.“ – изјави денеска директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, откако беше запрашан за состојбата во Македонија, поврзано со повикот на американската амбасада во Бугарија до своите граѓани за внимателност во Бугарија.

„Рамковниот“ и „преспанскиот инженеринг“ на Уставот од 17 ноември 1991 со 36-те амандмани за 35 години целосно ја урнисаа македонската „уставна приказна“ (4)

Првиот устав на независна Македонија од 17 ноември 1991 година е од редот на така наречените „национални устави“. Во најголемиот број негови суштински елементи тој беше на исто ниво и содржински и во поглед на содржаните принципи како и 165 од вкупно 189 национални устави во светот. Во изминатите 35 години до денес извршени се осум пати дури 36 амандмански  интервенции во уставот, од што двапати во преамбулата, во 2001 и 2019 година:  никаде во ниеден устав на ниедна држава во светот не се вршени упаѓања во преамбула со амандмани. Ова што се случувало со македонскиот устав од 1991 година. по барање на Грција во 1992 година, потоа „рамковниот инженеринг“ во 2001 година и бришењето на националниот, асномски карактер на Македонија како држава, па „преспанскиот инженеринг“ и бришењето дури и името Македонија на државата со амандмани во преамбула, сето тоа доволно јасно говори каков е сегашниот устав. Тој е сега идентитетски обезличен, со избришана државотворност на македонскиот народ и на неговите врски со матичната држава, за која војувал, со присилно „ампутирани“ врски и со Македонците во соседните држави како тамошни малцинства.

To top