Македонија

24 години Охридски рамковен договор: Пораки за единство, соживот и заедничка иднина

На свечената седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на конфликтот во 2001 година, премиерот Христијан Мицкоски испрати порака за единство, надминување на поделбите и заедничка иднина. „Државата ја имаме само ако ја чуваме заедно,“ рече Мицкоски,. Тој призна дека потпишувањето на договорот не било лесно за никого: […]

На свечената седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на конфликтот во 2001 година, премиерот Христијан Мицкоски испрати порака за единство, надминување на поделбите и заедничка иднина.

„Државата ја имаме само ако ја чуваме заедно,“ рече Мицкоски,.

Тој призна дека потпишувањето на договорот не било лесно за никого: „Дали Македонците беа најсреќни? Не. Веројатно такво било чувството и кај Албанците. Но, 24 години подоцна, Рамковниот договор донесе мир, стабилност и зачувана унитарност.“

Мицкоски ги критикуваше и, како што рече, злоупотребите на договорот: „Над 20 години имавме структури кои го користеа национализмот како прекривка за криминал и лични интереси. Луѓето си одат – и Македонци, и Албанци, и Турци, и Роми – затоа што бараат подобар живот, а не поделби.“

„Нашата задача е да обезбедиме иднина за сите, затоа што Македонија е дом на сите нејзини луѓе.“

Според Мицкоски, 24 години се доволно време за да сфатиме дека мирот не е нешто што се подразбира, туку нешто што се гради секој ден:

„Овој ден не е само спомен. Овој ден е обврска – да изградиме држава која е обединета, силна и праведна. Нека знаат сите – нема македонска, нема албанска иднина, има само заедничка, македонска иднина за сите нас“, рече Мицкоски.

Според вицепремиерот Изет Меџити, нема вистинска демократија без доверба и нема функционална држава без еднаковост.

„Ова е филозофијата што ја води нашата Влада – градење на општество кое ја гледа разновидноста не како пречка, туку како богатство, не како поделба, туку како можност.  Затоа секоја политичка одлука што ја носиме, секоја реформа што ја преземаме мора да биде во согласност и со духот и принципите на Охридскиот договор“, рече Меџити , нагласувајќи дека „духот што сакаме да го инсталираме во нашето општество е духот на соживот, почит и заедничка надеж за иднината“.

Охридскиот рамковен договор, Меџити кажа во своето обраќање, не е само сеќавање, туку „жив процес кој секојдневно треба да се претвора во правични закони и инклузивни политики и институции кои им служат на граѓаните со чесност“.

„Да го чуваме овој договор како наш политички и морален бисер. Да продолжиме да го спроведуваме со посветеност и визија, зошто само така нашиот заеднички дом Северна Македонија може да биде правична, еднаква и просперитетна држава за сите“ – изјави Меџити.

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

Пратениците ќе треба пешки да дојдат на работа в Собрание – сите влезови ќе се блокирани

Преку блокада на Собранието утре работниците со уште една порака до пратениците – да го одблокираат законот за минимална плата кој стои заглавен повеќе до една година, а македонските семејства се повеќе тонат во сиромашттија.

Најнови вести

To top