Македонија

Реакции на шокантната изјава на Малески според која Македонија не може сама да ја пишува својата историја

Ќе го проверуваа ли министерот дали е нормален ако тогаш предложел преговори за историја со Бугарија

Директорот на Канал 5 Иван Мирчевски реагира на изјавата на првиот министер за надворешни работи на Република Македонија Денко Малески кој преходно во контекст на спорот со Бугарија порача дека не секој народ може да ја пипува својата историја.

Мирчевски прашува зошто екс министерот не преговарал за историјата додека бил министер пред 33 години.

Тој бара Малески да преговара само за своето семејство и да признава дека неговите претци не биле Македонци а биле агресори во втората светска војна.

,,Г-дине Малески, баш убаво беседите дека мораме да имаме дијалог за, пазете, нашата историја и минато со источниот ни сосед.
Еве едно логично прашање за вас:
Зошто вие во вашиот мандат, како министер за надворешни работи на Македонија од 1991 година до 1993 година, не седнавте да преговарате за македонската историја?
Смеам да погодам?

* Ако тоа и‘ го понудивте на тогашната Влада , ургентно ќе ве пратеа на проценка на деловната способност”, пишува Мирчевски и му дава предлог на Малески.

,,Може ли предлог за Вас?
А да почнете Вие преговори со источниот ни сосед за нашата историја и минато, ама само за Вас и вашето семејство. Договорете се и прифатете слободно дека Вашите предци биле агресорите во Втората Светска Војна, дека не биле Македонци и што се уште не.
Така ем источниве ќе бидат малку посреќни зошто конечно нашле некој да преговара со нив, ем Вие ќе бидете уникатен егземплар, и тоа историски. Ќе ве учат во книгите идните генерации како во Македонија така и во Бугарија.
Сите знаеме дека на крајот желката победи во трката, г-дине Малески. Не зајакот”, порачува Мирчевски кој ги користи овие хаштази:
Желката
#macedonia #kanal5tv #ex #foreign #affairs

Што кажа во шокантната изјава на Малески

Малески: Одбивајќи дијалог за заедничката историја со Бугарија ја губиме иднината?! Не треба да се разбере дословно дека секој народ ја пишува својата историја!

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top