Македонија

80 години Црвен крст на Македонија

Со свечена академија под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Црвениот крст на Македонија денеска одбележува 80 години од основањето. Настанот ќе се одржи во Македонскиот народен театар во Скопје со почеток во 19 часот. Црвениот крст на Република Северна Македонија е хуманитарна и независна организација која обезбедува помош при катастрофи, здравствени и социјални услуги, прва […]

Со свечена академија под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Црвениот крст на Македонија денеска одбележува 80 години од основањето.

Настанот ќе се одржи во Македонскиот народен театар во Скопје со почеток во 19 часот.

Црвениот крст на Република Северна Македонија е хуманитарна и независна организација која обезбедува помош при катастрофи, здравствени и социјални услуги, прва помош и крводарителство.
Основана е во 1945 година, а како самостоен субјект функционира од 1992 година.
Членка е на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина од 1995 година.
Нуди поддршка на ранливи категории и активно промовира хуманитарни вредности низ разни проекти и програми.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top