Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Дваесет и пет години можат да се раскажат низ датуми, бројки и настани. Но вистинската приказна на СОС Детско село се раскажува низ животите што се промениле, децата кои добиле сигурност тогаш кога им била најпотребна, семејствата кои добиле поддршка да останат заедно и младите луѓе кои денес самостојно ја градат својата иднина. Во изминатите 25 години, СОС Детско село промени повеќе од 6.090 животи. Зад таа бројка не стои само статистика, туку илјадници лични приказни, различни почетоци, предизвици, успеси и нови можности.

  • „Домот не е само куќа ниту покрив над главата, туку место во кое ги учиме лекциите за блискост, припадност и доверба. За многу деца и млади, токму ваков дом беше, е и ќе биде СОС Детско село“, – порача претседателката Сиљановска-Давкова, честитајќи го јубилејот и нагласувајќи дека вложувањето во децата е вложување во нивната, но и во нашата заедничка иднина.

Денес СОС Детско село работи на превенција и зајакнување на семејствата, советување и поддршка на родители и деца, поддршка и развој на згрижувачките семејства, како и подготовка и поддршка на младите на патот кон самостоен живот. Во основата на сите овие услуги е една иста цел секое дете да расте во сигурна и поддржувачка средина и да добие вистинска можност да го развие својот потенцијал.

  • „Кога велиме дека низ овие 25 години сме поддржале повеќе од 6.090 животи, зборуваме за илјадници надежи, предизвици, успеси и нови почетоци. Зад секоја од тие бројки има нечие име, нечие детство, нечија борба и нечија шанса животот да тргне во поинаква насока. Тоа е вистинското значење на овие 25 години и тоа е нашиот најголем успех“, истакна Јулијана Накова Гапо, национална директорка на СОС Детско село.

Јубилејот беше и благодарност до сите оние кои низ годините ја граделе и поддржувале мисијата на СОС Детско село, згрижувачите и стручните тимови, институциите, компаниите, донаторите, партнерите, здруженијата, медиумите и пријателите на организацијата.

Јубилејната вечер ги стави во фокус и луѓето зад мисијата. Преку лични приказни, музика и сценски изведби, програмата покажа што значи поддршката кога ќе стигне во вистинскиот момент.

По 25 години, СОС Детско село со гордост гледа на изминатиот пат, но уште повеќе гледа напред, кон општество во кое секое дете ќе има сигурност, љубов, поддршка, чувство дека припаѓа и вистинска можност да верува во себе.

Затоа што понекогаш е доволен еден човек да направи разлика. А кога цела заедница ќе одлучи да биде тука – МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ.

 

Најнови вести од: Македонија

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

Најнови вести

To top