Македонија

Агелер: Модернизацијата на Армијата е важна, САД ве подржуваат

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски присуствуваше на презентација на новопристигнатата опрема во Касарна „Јане Сандански“, која пристигна од САД. „Од самиот почеток на оваа програма во 2019 година, нашите напори помогнаа во испорката на 67 возила од ваков карактер кои се последниот крик […]

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски присуствуваше на презентација на новопристигнатата опрема во Касарна „Јане Сандански“, која пристигна од САД.

„Од самиот почеток на оваа програма во 2019 година, нашите напори помогнаа во испорката на 67 возила од ваков карактер кои се последниот крик на технологијата, вклучувајќи ги и 29-те возила кои ги прифаќаме денес“, рече Агелер.

Фалејќи ги како удобни оклопни возила, Агелер кажа дека веќе се возеле во нив таа и премиерот Мицкоски.

„Господине премиер, се сеќавам на нашата прва средба во оваа касарна минатата година во јули, кога вашата земја прими уште една испорака на напредните лесни возила. Вие и јас имавме можност да се возиме во едно од овие возила и беа изненадувачки удобни. Ми раскажавте малку за вашата воена служба, за искуствата кои вие ги имате и сметам дека се навистина важни во развојот и оформувањето во поддршката кои ги имате во тие наши напори за модернизација на армијата на земјата, нејзините вооружени системи и на спосбностите“, посочи Агелер.

Денеска пристигнаа новите 29 лесни оклопни возила – JLTV од САД во Касарната „Јане Сандански“ во Штип, а кои се дел од предвидената модернизација од 2019 година.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top