Македонија

Агенцијата за национална безбедност предупредила на безбедносен ризик, полицајци земале пари од лица од Бангладеш и Непал

Осум лица, меѓу кои и шест полицајци, обвинети за корупција

Осум лица, меѓу кои и шест полицајци, обвинети за корупција

Шест полициски службеници од граничната полиција и две други лица, меѓу кои и виш инспектор за странци овозможиле нелегален престој на странски државјани и покрај укажувањата на АНБ дека за нив постои безбедносен ризик.

Осум лица, меѓу кои и шест полицајци, обвинети за корупција.

 

Првообвинетиот се товари за кривично дело Примање награда за противзаконито влијание, заедно со уште две лица за кои постапката е прекината, влијаеле врз двајца полициски службеници со цел на турски државјанин да се стекне со дозвола за привремен престој во земјава иако бил незаконски овде. За тоа земале 900 евра. Полициски службеник од ГП Долно Блаце пак е обвинет за примање поткуп.

 

-Тој од турски државјанин кој подолго време незаконски престојувал во државата индиректно побарал и примил подарок – парични средства во износ од 3000 денари за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши. Тројца полициски службеници и НН лице посредувале во давањето на поткупот, при што двајца полициски службеници со патната исправа на турскиот државјанин оствариле фиктивен влез во РМ, како услов за отпочнување на постапка за одобрување на привремен престој, велат од обвинителството.

 

 

На сличен начин му било овозможено на турски државјанин со незаконски престој да ја напушти земјава. Вишиот инспектор од јули лани до април годинава за седум лица незаконски им обезбедил привремен престој во земјуава.

 

-Постапувајќи по претходно поднесени барања за одобрување на привремен престој на седумте државјани од Бангладеш и Непал, обвинетиот не ги зел предвид негативните известувања од АНБ за постоење на безбедносен ризик и постапил спротивно на одредбите од Законот за странци носејќи решенија со кои на сите им одобрил привремен престој заради работа, објави Јавното обвинителство.

 

Истрагата за овој случај обвинителството ја отвори во мај и првично со неа беа опфатени 11 лица кои беа уапсени а две беа недостапни за органите на прогон. За едно лице потоа беше запрена постапката а за двајца беше отфрлена кривичната пријава. Едно од лицата кое беше во бегство беше уапсено во Србија и во моментов се наоѓа во екстрадиционен притвор а за другиот е објавена меѓународна потерница

Најнови вести од: Македонија

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации.

Осомничените за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија

Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи, Вадедин Даути

Најнови вести

To top