Македонија

Агенцијата за вработување работела недомаќински и неефикасно – Ревизијата открива низа слабости

Во 2024 година, Агенцијата е под контрола на владата на СДСМ и на ДУИ, а во јули таа година е именуван в.д. директор.

Агенцијата за вработување исплатила 23,4 милиони евра за активните мерки за вработување, но при распределбата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој. Повеќе од половина од средствата кај одделни мерки се концентрирани во мал број центри за вработување, односно 62,05% од мерката самовработување и над 50% од мерките субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти се реализирани во само неколку градови Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Пробиштип, додека останатите добиле значително помал удел, констатира Државниот завод за ревизија по ревизијата на финансиското работење на  Агенција во 2024 година, кога со неа управувале директорите поставени од претходната влада на СДСМ и од ДУИ.

Субвенции имало ама само во четири-пет градови? 

Кај мерката Субвенционирање на плати – 327 од вкупно 646 одобрени апликации (50,6%) се однесуваат на само четири центри за вработување: Скопје, Струга, Тетово и Куманово, додека кај мерката Вработување и раст на правни субјекти – 587 од 917 одобрени апликации (64,1%) се реализирани во пет центри за вработување: Тетово, Скопје, Струга, Куманово и Пробиштип.

Потрошиле 1,4 милиони евра за ИТ-обуки, три четвртини не положиле!?

Исто така утврдени се и слабости во системот на мониторинг и контрола на користењето на средствата, поради недоволно разработени процедури, ретки теренски контроли и нецелосна документација, што создава ризик од ненаменско користење на доделените средства. Во текот на 2024 година за мерката Обука за стекнување на вештини од областа на напредни ИТ вештини исплатени се околу 1.4 милиони евра при што само 184 од 735 кандидати (25,03%) успешно го положиле завршниот испит, што укажува на ниска ефикасност на мерката.

Три дена на работа, а потоа „под биро“? 

Ревизијата утврди слабости во постапката за остварување на правото на паричен надоместок, за што Агенцијата потрошила речиси 21.5 милиони. Слабостите се однесуваат на некомплетна документација како и отстапувања при утврдувањето на висината на надоместокот. Утврдено е дека најголемиот дел, односно 67,91% од исплатениот износ за паричен надоместок во случај на невработеност во текот на 2024 година, е по основ на престанок на работниот однос склучен на определено време.

  • „При ревизијата се констатирани случаи на договори за вработување на определено време склучени во траење од само три дена, договори продолжувани над законскиот максимум од пет години, како и повторно вработување кај истиот работодавач по користење на правото на паричен надоместок, што упатува на потреба од зајакнување на контролите при остварувањето на ова право“ се наведува во извештајот.

„Флуидни“ правила за добивање надомест за невработеност

Ревизорите заклучиле дека АВРМ нема доволно јасни и прецизни правила за остварување на правото на паричен надоместок во случај на невработеност, што во практика создава различно толкување и нееднакво постапување.

  • „Не се јасно дефинирани сите услови кога лицето стекнува или губи право на надоместок, како и начинот на пресметка во одредени ситуации, особено кај работа со скратено работно време и различни видови престанок на работен однос“, се наведува во извештајот.

Ревизорите и со оваа ревизија нагласуваат дека Посебниот фонд за вработување на инвалидни лица не ги добива сите средства што му следуваат согласно закон Ревизорите и со оваа ревизија нагласуваат дека Посебниот фонд за вработување на инвалидни лица не ги добива сите средства што му следуваат согласно закон

Сите пари за еден адвокат од надвор?

Во 2024 година АВРМ исплатила 93.295 евра за адвокатски услуги, медијација, вештачења и судски такси, при што 77,46% од расходите за адвокатски услуги се реализирани преку еден адвокат. Притоа е извршена исплата без целосна документација и без соодветна контрола на фактурираните услуги. Дополнително, за вештачења во износ од 881.000 денари 14.301 евро не е спроведена постапка за јавна набавка, а за 740.000 денари 12.012 евра не е обезбедена документација за извршените услуги. Исто така, дел од адвокатските услуги се однесуваат на административни работи кои можеле да ги извршуваат службите на АВРСМ, но истото не е кадровски екипирано.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Македонија предводник во регионот, патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тошковски: Водата во Гостивар останува исклучиво за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи.

Уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести.

ВМРО ДПМНЕ: Жерновски 20 години ја цица државата, тој е талог на општеството

СДСМ се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Андреј Жерновски, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Жерновски.

Обвинителот предложи притвор за „газдарицата“ на „Камените кукли“ Стојна Димитровска Бут (41) од Кратово, која беше уапсена на 2 август, откако се тепаше со туристи!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која вчера беше лишена од слобода и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација на локалитетот „Камени кукли“, наоѓалиште е заштитено како природна реткост, во кратовското село Куклица.

To top