Македонија

Ахмети до Рикер: Етничките Македонци се уште веруваат дека земјата е само нивна

Средбата се одржала на семејната фарма за овци на Ахмети, длабоко во планините на западна Македонија.

Од декласифицираната службена телеграма на поранешниот американски амбасадор во Македонија, Филип Рикер (2008–2011), излегуваат на виделина загриженостите и ставовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изнесени во август 2009 година – осум години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Средбата се одржала на семејната фарма за овци на Ахмети, длабоко во планините на западна Македонија. Во телеграмата, амбасадорот Рикер детално го опишува разговорот во кој Ахмети бил остро критичен кон тогашниот премиер Никола Груевски, кон неговото блиско окружување и кон состојбата во земјата.

Ахмети изразил загриженост дека, и покрај Охридскиот договор и учеството на ДУИ во владата, „етничките Македонци сè уште веруваат дека земјата е само нивна“. Тој посочил два главни проблеми за албанската заедница: недостатокот од официјална употреба на албанскиот јазик низ целата земја и недоволната застапеност на Албанците на повисоки лидерски позиции во институциите.

Според Ахмети, ДУИ во претходната коалиција со СДСМ имала позначајни ресори отколку во владата со ВМРО-ДПМНЕ. Тој го критикувал Груевски дека е „премногу млад“ и дека неговата младост се одразува врз донесувањето одлуки, а особено го истакнал големото влијание на директорот на безбедноста и контраразузнавањето, Сашо Мијалков, за кого рекол дека на владини состаноци отворено изразувал презир кон етничката албанска заедница.

Ахмети ја оценил моменталната состојба во Македонија со оценка 4 или 5 (на скала од 0 до 10, каде 0 е 2001 година), велејќи дека надминувањето на спорот за името и членството во НАТО би овозможило фокусирање на меѓуетничките прашања и би ги ублажило фрустрациите кај Албанците.

Тој бил остар и кон опозицискиот лидер на ДПА, Мендух Тачи, чие однесување го оценил како непредвидливо и потенцијално опасно за стабилноста на земјата. Спротивно на тоа, Ахмети го претпочитал Имер Селмани од Нова демократија како „конструктивна и разумна“ опозициска фигура од албанскиот блок.

Ахмети изразил незадоволство и од политичко-религиозната агенда на Груевски, велејќи дека има „повеќе цркви и џамии отколку верници“ и дека парите би можеле да се трошат поефикасно. Исламската верска заедница ја нарекол „божја бирократија“, а нејзиниот тогашен лидер Сулејман Реџепи го критикувал остро.

На крајот од средбата, Ахмети му презентирал на амбасадорот Рикер две проектни идеи: консолидација на Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа во еден државен универзитет, како и проект за чистење на контаминираните реки и езера што се влеваат во езерото Матка.

Телеграмата покажува дека Ахмети тогаш побарал поголем притисок од САД врз Груевски за решавање на спорот за името и за пристап во НАТО.

Целата статија на мкд.мк

Најнови вести од: Македонија

Се води ли војна преку водата за пиење и зошто нема доверба во институциите?!

22 дена во градскиот водовод во Гостивар биле вклучени пумпи кои наводно го полнеле системот со вода од површински канал од реката Вардар, наводно за да се зголеми притисокот во летниот период. Ова навидум наивно објаснување актот во Гостивар, кој практично имаше ефект на терористичко дело, за жал беше „поткрепено“ со документ од државна институција.

(Колумна): Ладење со вентилатор?

За време на големите топлински бранови (горештини) во некои европски земји (Франција, Англија, …) на телевизија гледавме сцени како наутро при отворање на продавници се создаваа големи турканици за купување било какви апарати за ладење, а најчесто гледавме како грабаат вентилатори.

Македонија скокна за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

МПЦ-ОА до Вучиќ: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат!

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“ денеска реагира Архиерејскиот синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

ВМРО ДПМНЕ: СДС пак се обиде да произведе „изјава“ за „разговори под радарот“, што Муцунски никогаш не ја дал!

СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал, тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

To top