Македонија

Ахмети не се откажува од македонското знаме

Ахмети го постави македонското државно знаме и на средбата со американската дипломатка

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на средбата со вршителката на должност амбасадорка на САД, Никол Варнс одржана во партиското седиште во Мала Речица, повторно го поставил македонското државно знаме.

На фотографиите од средбата јасно се гледа дека зад соговорниците, покрај албанското знаме, знамето на ДУИ, американското, европското и знамето на НАТО, стои и официјалното знаме на Македонија.

Ова е продолжение на одлуката на Ахмети, донесена пред околу две недели, за првпат по 24 години да го постави државното знаме во својата канцеларија. Тогаш знамето беше видено за време на средбата со австрискиот амбасадор Мартин Памер, а самиот лидер на ДУИ изјави дека тоа било направено по сугестија на странски амбасадори и дека отсекогаш бил за унитарна држава.

Средбата со американската дипломатка се одржа во формална атмосфера, во која беа присутни и други претставници од двете страни.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top