Македонија Регион

Ахмети од Приштина до Хашкиот трибунал, a можеби и до некои во Македонија: Нема да нѐ скршат, исто како и семејствата на нашите другари во Хаг!

Претседателот на ДУИ Али Ахмети учествуваше на претставувањето на книгата на Ахмет Шала со наслов „Кога тишината зборува“, која се одржа денес во Приштина. Ахмети во својот говор рече дека поранешните водачи на косовската УЧК во Хашкиот трибунал се „неправедно судени со обвинувања за дела, што не ги сториле“. Ова го објавија информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје и други медиуми на албански јазик од Балканот. 

Во веста агенцијата дополнува: „Сите знаеме дека се води неправедно судење, обвинувања за дела, што не ги сториле, само затоа што бевме патриоти, ослободители и организатори на отпорот и војната. Нема да бидеме скршени, исто како што не се скршија семејствата на нашите другари и другари во Хаг! Ќе дејствуваме храбро за вистината.“ – рече Ахмети.

Најнови вести од: Македонија Регион

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

To top