Македонија

Бетмен за Филипче: Седмина со урда (СТАТУС НА ДЕНОТ)

,,Ако В.Ф. беше бурек, ќе беше… ***”

Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит му одговара на СДСМ кој го спомена во нивното вчерашно соопштение.

Илиевски користи народен јазик и математика за да го објасни својот поглед на тоа што се случува на Бихаќка.

Според последната анкета на Маркет Вижн Мицкоски има 7 пати поголем рејтинг од Филипче.

Цел статус:

СЕДМИНА СО УРДА***

Еден ден откако имаше риалити-чек и трагичен 1:7 сооднос премиерот, лицето В.Ф. повторно одржа прес со истата реторика во орвелијански стил: „предавството е патриотизам, понижувањето е успех, недовербата е доверба“.

Повторувајќи ги политиките кои те донеле на дно не може да очекуваш да те дигнат од дното. Одговорот, најновиот, го слушна деновиве. Сепак, негов избор е да се труди на стариот добар начин да дојде до нови ралични резултати. Како што катастрофата на локални беше победа, соодносот 1:7 меѓу Филипче и Мицкоски може да го прогласи за голем напредок и видлива поддршка. Дури и се фали дека „како што ја внеле Македонија во НАТО, така и во ЕУ ќе ја внеселе“. Катастрофална амбиција, ама.. негова работа.

Сепак, тоа не значи дека не може да заклучиме дека ако В.Ф. беше бурек, ќе беше… ***

Видеото овде

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски ја обвини СДС за ширење хистерија и политизирање на западнонилската треска!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски реагираше на обвинувањата на СДС за наводно „задоцнето справување со комарците и зголемениот број случаи на западнонилска треска“. Преку општествената мрежа тој нагласи: „Новата хистерија на СДС, по хистеријата за скопската вода, е оваа за комарците. Но, здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени.“

To top