Македонија

Ахмети во празничната честитка: Да внимаваме, оти државата слабее кога граѓаните се чувствуваат исклучени!

„Охридскиот мировен договор ја преобрази самата држава. Тој ја промени филозофијата на нејзиното функционирање. Ја премести земјата од логиката на доминација на мнозинството кон принципот на соживот, еднаквост и заедничка одговорност. Оваа држава не е изградена за еден ден, ниту само од една заедница. Триесет и петгодишнината од независноста на С.Македонија е момент да размислиме сериозно каква држава сакаме да им оставиме на генерациите кои доаѓаат. Треба да бидеме внимателни. Затоа што државите не се ослабуваат со еднаквост, туку кога нивните граѓани почнуваат да се чувствуваат исклучени.“ – наведува лидерот на ДУИ Али Ахмети во честитката по повод 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија, која ја објави на својот официјален фејсбук-профил.

Меѓу другото, во текстот на честитката челникот на „интегративците“ изнесува: „Многу години Албанците и другите немнозински заедници не се чувствуваа како рамноправен дел. Уставните измени од 1989 година, начинот на кој беше воспоставен уставниот поредок на почетокот на 90-тите години, како и исклучувањето на Албанците и другите заедници од клучните процеси на создавањето на државата, создадоа длабок јаз меѓу државата и дел од нејзините граѓани.“

„Тоа беше историска неправда, но и неодржлив државен модел. 2001 година беше токму соочување со оваа реалност. Охридскиот мировен договор не измени само одредени уставни одредби. Тој ја промени филозофијата на функционирањето на државата. Ја премести земјата од логиката на доминација на мнозинството кон принципот на соживот, еднаквост и заедничка одговорност.
Албанците не бараа друга држава. Напротив, се обврзаа заедно да ја градат оваа држава. Тоа е и суштината на Охридскиот мировен договор. Секој обид тој договор да се претставува како закана за државата е враќање назад во расправа, на која историјата веќе го даде својот одговор.“

„Денес, мојата загриженост не е само за она што е постигнато, туку и за она што може да се изгуби доколку заборавиме зошто беа потребни промените од 2001 година. Загрижува кога гледам исклучување во застапеноста, пречки во употребата на јазиците, неинклузивност во културата и јавниот живот или обиди за поткопување и релативизирање на принципите врз кои беше изграден мирот. Треба да бидеме внимателни. Затоа што државите не се ослабуваат со еднаквост. Државите се ослабуваат кога нивните граѓани почнуваат да се чувствуваат исклучени.“

„С.Македонија во која јас верував и за која работев е држава на сите нејзини граѓани, унитарна, демократска и европска држава, изградена врз еднаквоста и меѓусебното почитување. Албанците давале и ќе продолжат да даваат свој придонес во нејзиното градење и зајакнување. Но, за тоа е потребна заедничка волја секој граѓанин да ја чувствува оваа земја како своја, а секоја заедница да се препознава себеси во нејзините институции.“

„На 35-годишнината од независноста, мојата порака е: да го зачуваме она што го изградивме заедно и да го придвижиме напред. Да не се враќаме кон политиките што разделуваат, туку да одиме кон држава што обединува. Затоа што европската иднина на С.Македонија не се гради со намалување на правата на некого, туку со зголемување на довербата меѓу сите.“ – наведува лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот профил на општествената мрежа/

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top