Тема: лидер на ДУИ Али Ахмети

Ахмети во празничната честитка: Да внимаваме, оти државата слабее кога граѓаните се чувствуваат исклучени!

„Охридскиот мировен договор ја преобрази самата држава. Тој ја промени филозофијата на нејзиното функционирање. Ја премести земјата од логиката на доминација на мнозинството кон принципот на соживот, еднаквост и заедничка одговорност. Оваа држава не е изградена за еден ден, ниту само од една заедница. Триесет и петгодишнината од независноста на С.Македонија е момент да размислиме сериозно каква држава сакаме да им оставиме на генерациите кои доаѓаат. Треба да бидеме внимателни. Затоа што државите не се ослабуваат со еднаквост, туку кога нивните граѓани почнуваат да се чувствуваат исклучени.“ – наведува лидерот на ДУИ Али Ахмети во честитката по повод 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија, која ја објави на својот официјален фејсбук-профил.

Ахмети „гори од љубов“: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Бучковски и Црвенковски!

„Секој што се обидува да ги уништи албанскиот јазик и правичната застапеност треба да ги држи рацете подалеку од Охридскиот договор!“ – кажа во заканувачки тон лидерот на ДУИ Али Ахмети во расправата за 25 години од Рамковниот договор.

„Н.М“: Изјавата на Рама дека Албанците во РМ се „државотворен народ“ е закана за територијалниот интегритет и обид да се претвори во двонационална „албанско-македонска држава“!

„Грубо и дрско мешање во внатрешните работи на суверена Република Македонија е изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, со која ги прогласи македонскитe Албанци како ‘државотворен народ’ во македонската држава. Според истакнати европски и светски експерти за политички науки, меѓународни односи, за уставен систем и геополитика, ‘обид за редефинирање на уставниот поредок на соседната земја и ширење на политичкото влијание надвор од границите на сопствената држава’ е кога премиер на една земја ги прогласува неговите сонародници, од иста националност, во друга земја како ‘државотворен народ’ (‘state-forming people’). Според анализите на странски политиколози и уставни експерти, ваквите изјави претставуваат и предизвик кон суверенитетот, но и на територијалниот интегритет на другата држава, во која тамошното малцинство се прогласува како ‘државотворен народ’. Во тој контекст се и заканите на лидерот на ДУИ Али Ахмети за ‘одброените денови на Македонија, ако нема заедничко совладени со Албанците“! “ – имаше објавено весникот „Нова Македонија“ во својата редакциска анализа „Падна уште една маска од колективните амбиции на Тиранската платформа“, објавена на 16 април 2026 година.

To top