Македонија

Ајзенштетер: Денес само околу една третина од Чесите гледаат позитивно на ЕУ, а помалку од две третини признаваат дека членството во ЕУ ѝ користело на Чешка

Денес, само околу една третина од граѓаните на Чешка гледаат позитивно на ЕУ, а помалку од две третини признаваат дека членството во ЕУ ѝ користело на земјата. „Европската политика сè уште се сфаќа тука како странска.“ – објасни политикологот Петр Вајс. „Политичарите не ја објаснуваат, не обрнуваат внимание на неа, не ја разбираат. Ако политичката елита не разбира нешто, ниту јавноста не може да го разбере тоа.“ Сепак, и покрај сите нејзини согледани маани и несовршености, ЕУ донесе и јасни, опипливи придобивки за Чешка. Ова се нагласува во анализата со наслов „Дваесет и две години во ЕУ: постигањата и грижите на Чешка, но и она што следи“ на француско-британскиот новинар и политички аналитичар  Жил Ајзенштетер, која е објавена вчера на 8 мај 2026 година во еден од водечките чешки информативни портали „Експатс.цз“ по повод денешниот Ден на Европа, 9 мај.

Ајзенштетер пишува во својата анализа: „Светскиот мир не може да се зачува без вложување творечки напори, сразмерни на опасностите што му се закануваат. – има кажано Роберт Шуман, поранешниот министер за надворешни работи на Франција, на 9 мај 1950 година на на почетокот на својот историски говор. По 75 години подоцна ова предупредувањето е важно и натаму. Додека граѓаните на ЕУ низ целиот континент го слават Денот на Европа, ние се осврнуваме на тоа што се промени откако Чешка се приклучи кон ЕУ. 

Во 90-тите години од минатиот век повеќе од 80 проценти од Чесите беа желни да се приклучат на европската заедница. На референдумот во 2003 година повеќе од три четвртини од населението гласаа „за“, отворајќи го патот за членство на Чешка во ЕУ, кое стапи на сила на 1 мај 2004 година, во најголемиот бран на проширување на евроблокот од неговото создавање. Но, имаше една забелешка во врска со ова очигледно огромно мнозинство: само 55 проценти од Чесите со право на глас гласаа на референдумот. Во апсолутни бројки: околу 3,5 милиони гласачи рекоа да“ за членство во ЕУ, а повеќе од еден милион рекоа „не“.

Вајс: „Политиката на ЕУ сè уште се сфаќа во Чешка како странска политика“

 Тоа можеби го најави она, што ќе се случи подоцна. Со години Чесите се рангираа меѓу најевроскептичните нации во европскиот континент. Ова беш делумно последица и на постојаните критики на Вацлав Клаус за време на неговото претседателствување со Чешка (2003-2013), кога тој тврдеше дека интеграцијата во ЕУ го загрозува националниот суверенитет на Чешка. Кризата со долговите низ Европа и миграциската криза од 2015 година, исто така, одиграа улога во тоа што многу луѓе ги нагласуваа вродените слабости, или неуспеси на ЕУ. Во меѓувреме се ширеше низ Европа и митот за ЕУ и нејзината регулатива дека „кривите банани треба да бидат исправани и само така продавани во продавниците“. ЕУ не се обидуваше да ги забрани за продажба кривите и извиткани банани, но тој мит остана моќен симбол, што го користат евроскептиците, за да ги критикуваат бирократските и прекумерно регулаторните тенденции на ЕУ.

Денес, само околу една третина од граѓаните на Чешка гледаат позитивно на ЕУ, а помалку од две третини признаваат дека членството во ЕУ ѝ користело на земјата. „Европската политика сè уште се сфаќа тука како странска.“ – објасни политикологот Петр Вајс.

„Политичарите не ја објаснуваат, не обрнуваат внимание на неа, не ја разбираат. Ако политичката елита не разбира нешто, ниту јавноста не може да го разбере тоа.“ – посочи Вајс.

ЕУ донесе јасни, опипливи економско-развојни придобивки за Чешка

Сепак, и покрај сите нејзини согледани маани и несовршености, ЕУ донесе и јасни, опипливи придобивки за Чешка. И покрај многуте поплаки, оние кои всушност се залагаат за напуштање на ЕУ остануваат мало малцинство меѓу населението и политичарите. Од економска гледна точка, Чешка во голема мера го доби она, поради што влезе во ЕУ.  Директниот пристап до заедничкиот европски пазар беше движечка сила на растот за нејзината економија, насочена кон извоз: сега околу 80 проценти од извозот оди во другите земји на ЕУ.

 Според Чешката конфедерација за индустрија и транспорт, близу 90 проценти од компаниите и бизнис-лидерите го сметаат членството во ЕУ како корисно. За повеќе од 20 години чешкиот бруто-домашен производ по еден жител се зголеми речиси за трипатиглава на жител речиси се зголеми за трипати. Но економските и финансиските нееднаквости на Чешка со побогатите земји ги загрижуваат и натаму многумина. Огромното противење на населението кон еврото значи дека секој поттик во таа насока може многу лесно да се мери со политичко самоубиство.

Во исто време, Чешката Република доби над 2 трилиони чешки круни (повеќе од 82 милијарди евра) од фондовите на ЕУ, повеќе од двојно повеќе од придонесот, што значи чиста финансиска добивка повеќе од 1 трилион чешки круни (повеќе од 41 милијарда евра). Овие пари од ЕУ се влеаја во изградбата на патишта, железници, болници, природни паркови и друго, во безброј инфраструктурни проекти и проекти за осовременување во секој агол од чешката држава. Приклучувањето кон ЕУ, а неколку години подоцна и кон Шенген зоната, донесе и една од најочигледните предности: слобода на движење и патување. На пример, повеќе од 400 илјади Чеси студирале во странство како дел од програмата Еразмус. И обратно: се проценува дека денес во Чешка живеат повеќе од 250 илјади граѓани на ЕУ.

Што следи?

 ЕУ изгледа многу поинаку денес отколку кога Чесите се приклучија пред 22 години. Делумно и поради членството во ЕУ, Чешка, исто така, изгледа многу поинаку отколку пред две децении. Допрва доаѓаат уште промени допрва доаѓаат. Некои работи многу бргу можат да се променат. Да наброиме само неколку од најитните предизвици: слободата на движење во Шенген зоната е под притисок, војната дојде пред вратите на ЕУ, а односите со поранешните сојузници се влошија. Во меѓувреме, зачестено се зборува за „Европа со повеќе брзини“, каде што некои земји-членки бараат подлабока интеграција – на пример во одбранбената и воената арена – додека други избираат да се откажат. Овие расправи имаат особено значење за помалите земји како Чешка. Во рамките на блокот, со тежината на ЕУ зад себе, Чешка како земја од 11 милиони жители може да постигне многу повеќе од својата големина, но само ако одлучи да го стори тоа. – заклучува Жил Ајзенштетер во својата анализа за 22-те години од членството на Чешка во ЕУ, објавена по повод 9 мај, Денот на Европа.

Најнови вести од: Македонија

„Вечна слава, претседателе, идеалите твои се заклетви мои“ – Јане Ченто на гробот на прадедото Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Македонија

По повод 69 години од смртта на Методија Андонов – Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Јане Ченто објави порака во негова чест, оддавајќи му почит за неговата улога во македонската историја. „Вечна слава, претседателе, твоите идеали се мои заклетви“, напиша тој. На 24 јули 1957 година во Прилеп почина Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ.

Методија Андонов Ченто, 69 години од смртта: Верував во сѐ, но не верував дека Македонците ќе ме судат за Македонија!

„Македонија е создадена од крвта на сопствениот народ и никако поинаку и затоа Македонија е само на Македонците.“. „Ние Македонците имаме свој јазик и нашите деца имаат право да зборуваат насекаде на својот мајчин јазик.“ Ова се дел од поважните изјави, кои ги имал дадено во текот на својот бурен живот Методија Андонов – Ченто, знаменит деец за македонската национална кауза, државник-политичар и претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради оваа функција тој се именува и како прв претседател на Македонија. Тој е симбол на борбата за македонската држава, но и на неправдата на нејзините повоени власти против него и неговите идеи за македонството. Денес се навршуваат 69 години од смртта на Методија Андонов – Ченто.

ДУИ: „Страшно слабата“ ВРЕДИ во Владата е аларм за секој Албанец

Застапеноста (на Алнанците н.з.) се намалува, албанскиот јазик се исклучува, институциите се затвораат за Албанците и секое достигнување изградено низ годините се доведува во прашање, велат од партијата на Али Ахмети

Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор

Истовремено, пратеникот од Демократската партија на Турците (ДПТ) Бејџан Иљас, кој дојде од листата на Европскиот фронт предводен од ДУИ, се приклучи на владејачкото мнозинство. Со неговото приклучување, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сега брои 59 пратеници без пратениците од коалициските партнери во власта – ВРЕДИ и ЗНАМ.

To top