Хроника

Инспекторката од АХВ оди во притвор 30 дена

Зад решетки оди 42 годишната инспекторка од АХВ

Зад решетки оди 42 годишната инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство која барала мито за да „замижи“ на неправилности во сендвичар, одлучува судот. Обвинителството отвори истрага за примање поткуп, откако ја фатиле како сакала да наплати 250 евра за да изготви записник со кој ќе констатира дека извршила инспекциски надзор и дека нема неправилности во сендвичарата, односно дека тој работи согласно сите стандарди. Обвинителот побара 30 дневен притвор, а судот го прифати предлогот.

„Поради ризикот од бегство, опасноста осомничената да влијае врз оштетениот и неговиот исказ, како и можноста од позиција на службено лице- инспектор да го повтори дејствието кое не смеела да го изврши, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“ соопшти обвинителството.
МВР соопшти дека случајот е отворен по поднесена пријава.

„..Иако знаела и била свесна дека правното лице не ги поседувало процедурите за добра производна храна и добра хигиенска пракса кога го извршила увидот. Наведениот износ го примила на 25.09.2026 и тогаш му го предала на оштетниот и Записникот од извршен инспекциски надзор“ велат од МВР.

Инаку, 42-годишна инспекторка за храна, од 17 до 25 септември, земала 250 евра газда на сендвичара. Со парите наводно била фатена на бензиска пумпа во Автокоманда.

Најнови вести од: Хроника

Врсници тепале малолетник во училиштен двор во скопски Бит-Пазар и го снимале со мобилен, па објавиле на интернет

Неколку малолетници нападнале дете во двор на основно училиште во Скопје. Нападот бил снимен со мобилен телефон, а снимката потоа била објавена на интернет.

Кривична пријава против ексградоначалникот на Струмица Костадинов, С.Р. (38) и Ј.П.(60), поради „злоупотреба на службената положба“ и „фалсификување исправа“

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против Костадин Костадинов (36) од Струмица, поранешен градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) од Струмица, поранешна  раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица и против Ј.П.(60) од Битола, тогаш управител на правно лице од Битола (сега ликвидирано). Постојат основано сомневање дека Костадин Костадинов и С.Р. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а Ј.П. сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

To top