Македонија

Ако се укине зелениот картон, штета ќе имаат сите

Укинувањето на зелениот картон ќе значи поголеми давачки на граѓаните при регистрација

На ова укажа во синоќешното гостување на ТВ 21 министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според министерката  укинувањето на зелениот картон не е цел, затоа што такво нешто ќе значи и поголеми давачки при регистрација.

„Граѓаните не ги интересира укинување на зелениот картон, затоа што тоа би значело дека би плаќале поголема регистрација, бидејќи во таа регистрација би бил вклучен и зелениот картон, независно од тоа дали ја напуштате државата или не.

А, целта на министерството е да ги заштити граѓаните од дополнителни давачки. Затоа бараме идеално решение со кое ќе бидат задоволни и граѓаните и осигурителните компании“, изјави министерката.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top