Македонија

Активирана онлајн платформата за доставување идеи за во општина Гази Баба

Градоначалникот на Гази Баба и кандидат за уште еден мандат Бобан Стефковски ја активираше онлајн платформата за доставување на идеи – Твоја идеја, наша заедничка иднина каде сите жители ќе може да ги споделат своите предлози, проблеми и визии. – Сподели ја својата идеја за Гази Баба која повеќе не запира! Граѓаните секогаш биле нашата најголема […]

Градоначалникот на Гази Баба и кандидат за уште еден мандат Бобан Стефковски ја активираше онлајн платформата за доставување на идеи – Твоја идеја, наша заедничка иднина каде сите жители ќе може да ги споделат своите предлози, проблеми и визии.

– Сподели ја својата идеја за Гази Баба која повеќе не запира! Граѓаните секогаш биле нашата најголема инспирација. Во изминатите четири години, заедно покажавме што значи локална власт што слуша, разбира и работи. Затоа, во рамки на подготовката на програмата за вториот мандат, го отвораме и дигиталниот простор за вашиот глас.

Ја активираме онлајн платформата за доставување на идеи, каде секој граѓанин може:

да предложи проект,

-да укаже на проблем,

– да сподели визија за својата населба.

Сѐ што е важно за вас – е важно и за нас, сподели Стефковски.

Како што вели, ова не е обична анкета, ова е покана да се учествува во креирањето на иднината.

Ваша идеја за нов парк, улица, училиште или она што Вас ви е потребно – може да стане дел од нашата програма. Преку вашиот придонес, ќе изградиме уште појасна и посилна визија за Гази Баба – со реални, корисни и остварливи решенија.  Вклучи се тука  https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdRuXZymH…/viewform…. Потребна е 1 минута. Вашето учество е непроценливо, апелира градоначалникот Стефковски.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top