Македонија

Активно разговараме со ДУИ и Левица за локалните избори, призна Филипче

Филипче на прес-конференција ги соопшти имињата на нови 16 кандидати  за градоначалници. За кандидат за градоначалник на Скопје ја најави потпретседателката на СДСМ Каја Шукова.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче попладнево на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали коалицираат со ДУИ и Левица за локалните избори, нагласи дека активно разговараат и оти за секоја општина ќе имаат посебна стратегија.

  • Активно разговараме и за секоја од општините ќе имаме посебна стратегија, потенцира Филипче. 

Тој нагласи дека нивната партиска стратегија е јасна, а тоа е, како што рече, консолидација на секое ниво и широк инклузивен процес.

  • Нашата партиска стратегија е јасна – консолидација на секое ниво, широк инклузивен процес во избор на нашите најдобри кандидати коишто имаат и легитимитет и кредибилитет да излезат пред граѓаните да ја побараат довербата, затоа што знаеме дека тие се луѓето коишто можат да ги испорачаат програмите што ќе ги ветиме за време на локалните избори. Тие кандидати заклучно со овие денеска објавени, практично се избрани во еден процес со многу широк консензус. Консултирани се буквално сите партиски членови во рамките на секоја од општинските организации, рече Филипче.

Потенцира дека нивната програма за локалните избори се темели пред се на нивните вредности и ги слушаат граѓаните што вистински сакат да добијат.

  • Програмата се темели пред се на нашите вредности, социјалдемократски сето тоа преведено во услови за локални избори. Значи, ги слушаме граѓаните што вистински сакат да добијат. Граѓаните насекаде ги сакаат истите работи. Прво, сакаат да живеат во чиста животна средина , понатаму да е безбедно на улиците, да е секаде осветлено, да има проекти кои ќе бидат поддржани во делот на енергетиката, да имаат соодветни простори за спортска активност и соодветен ноќен забавен живот, нешто што го бараат младите и навистина го заслужуваат, се помалку го имаат вака како се водат општините во изминатиот период предводени од ВМРО-ДПМНЕ, рече тој.

Филипче на прес-конференција ги соопшти имињата на нови 16 кандидати  за градоначалници. За кандидат за градоначалник на Скопје ја најави потпретседателката на СДСМ Каја Шукова.

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

To top