Акцијата ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК.
– Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, на територија на Скопје во тек е акција на МВР и АНБ на повеќе локации. Приведени се повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот. По завршување на акцијата, јавноста ќе биде информирана – соопштија од ОЈО ГОКК.
Од Обвинителството засега не откриваат повеќе детали за акцијата, ниту за лицата кои се приведени. Дополнителни информации се очекуваат по нејзиното завршување.
Засега остануваат без потврда неофицијалните информации дека станува збор за повратници од ИСИС во Македонија речиси сите со веќе отслужени затворски казни и кои се наоѓале во програма за ресоцијализација во општеството.