Македонија

Али не го дава ДУИ, ама ќе има место и за млади

Најави промени и реформи во рамки на ДУИ, чии насоки ќе се утврдат на претстојниот партиски Конгрес, кој треба да се одржи на 20-ти декември

 

„Дали слушнавте кој победи, зошто да се повлечам од политиката? Дали ги сакате резултатите, одете во ДИК. Ако може да видите дали за 25 години има еден пораз на Ахмети тогаш ќе се повлечам. Еве ги резултатите, 25 години сме победиле, не само последниве 3 циклуси. Апсолутно не е пораз во Тетово и Струга, на 2 ноември играта почнува од 0:0. За Чаир и Сарај – во битки има и порази“,  рече Ахмети меѓу двата изборни круга, потсетува Фокус.

Иако ДУИ освои градоначалници во само четири мали општини со мнозинско албанско население, сепак, партискиот лидер Лидерот на ДУИ по првиот изборен круг оцени дека коалицијата Алијанса за национална интеграција, предводена од ДУИ, победила на локалните избори, бидејќи освоила над 20 илјади гласови повеќе на советничките листи во споредба со ВРЕДИ

Но, во вториот круг локални , коалицијата НАИ предводена од ДУИ освои градоначалнички места само во Липково, Пласница, Чашка и Студеничани, што, меѓу другото, предизвика далеку поумерена реакција на Ахмети по вториот изборен круг.

„…Сепак, губењето на неколку клучни позиции на општинско ниво ќе послужи како повик за длабинска анализа, за обновување на стратегиите и корекција на евентуалните недостатоци за да им се понуди повеќе и подобро на граѓаните“ вели Ахмети.

Тој најави промени и реформи во рамки на ДУИ, чии насоки ќе се утврдат на претстојниот партиски Конгрес, кој треба да се одржи на 20-ти декември.

Според високи партиски извори, Ахмети ќе остане на чело на ДУИ уште еден мандат, меѓутоа ќе има големи кадровски и друг тип на промени во целокупната партиска структура и организација. За таа цел, на претстојниот Конгрес на ДУИ треба да се промени партискиот Статут, со цел да се регулира изборот на општински раководства и да се отвори простор за млади луѓе.

„Ахмети сам би се повлекол веднаш доколку дозволува ситуацијата, но моментално ситуацијата не е таква. Тој ќе остане уште еден мандат на чело на партијата, но ќе се случат многу други промени. Меѓу најважните ќе биде промена на Статутот бидејќи се покажа дека изборот на раководства во општинските организации според принципот еден член еден глас е непродуктивен. Така беа изгласани многу партиски авторитети, но младите беа маргинализирани и тоа сега ќе се поправи“ – вели висок партиски функционер.

Упатените за Фокус посочуваат дека во партијата има свесност дека има лоша перцепција кон многу функционери, кои долги години држат високи партиски и државни функции.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top