Македонија

Алиев – Силјановска-Давкова: Договорено проширување на енергетската соработка меѓу Азербејџан и Македонија

Претседателите се договорија да продолжат и да ја прошират енергетската соработка меѓу Азербејџан и Македонија

На 21 октомври, претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алијев, објави Кабинетот на азербејџанскиот претседател.

За време на телефонскиот разговор, шефовите на држави разменија мислења за глобалната енергетска состојба, предизвиците со кои се соочува секторот, како и за можните начини за нивно надминување, се вели во објавата на претседателот на Азербејџан.

Во соопштението се вели дека тие со задоволство се потсетиле на официјалната посета на претседателката на Македонија на Азербејџан, истакнувајќи дека таа придонела за зајакнување на пријателството и меѓусебното разбирање меѓу двете земји.

,,Претседателите се договорија да продолжат и да ја прошират енергетската соработка меѓу Азербејџан и Северна Македонија”, стои во објавата на кабинетот на претседателот на Азербејџан.

Најнови вести од: Македонија

Јаревски: Не е „Алта банка“ ни ТАТ, ни Лавци, ниту пак „Еуростандард“

Банката е ликвидна, обезбедени се штедните влогови, заштитени се и доверителите. Мерките што ги презема Народната банка се веднаш промптни, уште од самиот викенд. Немаме стечај, немаме пропаѓање на банката“, рече пратеникот

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

To top