Македонија

Алиу за наводите за злоупотреби

Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализираше 19

Министерството за здравство откри злоупотреби со кардиохируршки операции во приватни болници. Се најавуваат дополнителни проверки и меѓународна помош за понатамошни анализи.

Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализираше 19, од кои кај 10 случаи утврди дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу.

Од доставените 25 случаи, комисијата утврди дека шест треба да се испратат до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи таа не е надлежна.

Претседавачот на комисијата, доктор Жарко Христовски рече дека во оваа првична фаза анализирале само потреба од реваскуларизација т.е.кај пациенти кои имаат васкуларна болест независно дали кардијална или периферна, а сите други пациенти кои треба да се анализираат по пријава или при следната фаза од нивното работење.

„Донесувавме одлуки на демократски начин на база на достапната медицинска документација и само досега од досегашната работа по пријави од пациенти лично доставени до Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) или по пријави доставени од медицински установи до ФЗО и Министерството за здравство. Со резултатите од оваа првична наша анализа ќе настапиме заедно со меѓународната комисија која е поканета од страна на Министерството за здравство, од дополнителна анализа на овие случаи за кои утврдивме проблематична индикација или евентуално проблем во поставување индикација и воспоставување некаква стратегија за лекување, рече Христовски.

Со конечните резултати и за овие пријавени случаи и со тоа што ќе го работиме во втората фаза, која се состои во влегување во институциите кои се занимаваат со кардиоваскуларна медицина во државата со некаква рандом стратегија која ќе ја донесеме на следниот состанок, посочи Христовски, ќе направиме анализа на одреден број случаи околу стратегијата на лекување на пациенти со кардиоваскуларни проблеми.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top