Македонија

Алиу на средба со хонорарците во тетовската болница: По полагање тестот, ќе следува вработување на неопределено

Вработени во тетовската болница посочија дека прашањето за нивниот работен статус по првпат се зема сериозно и се третира со одговорност. Истакнаа дека ваквиот институционален чекор претставува не само признание за нивниот труд, туку и почеток кон обезбедување стабилност и работнички права. Вкупно 155 лекари, медицински сестри и друг персонал во Клиничката болница во Тетово, […]

Вработени во тетовската болница посочија дека прашањето за нивниот работен статус по првпат се зема сериозно и се третира со одговорност. Истакнаа дека ваквиот институционален чекор претставува не само признание за нивниот труд, туку и почеток кон обезбедување стабилност и работнички права.

Вкупно 155 лекари, медицински сестри и друг персонал во Клиничката болница во Тетово, кои работат хонорарно, наскоро ќе полагаат административен тест за да добијат вработување на неопределено време.

Ова денеска го соопшти министерот за здравство Азир Алиу кој беше на средба со медицинскиот персонал во тетовската болница, информирајќи дека останатата административна процедура по однос на ова прашање е завршена и дека останува последниот чекор – полагање на административниот тест.

Групата медицински сестри, техничари, болничари, администрација и лекари на крајот на мај и на почеток на јуни одржаа неколку јавни протести со цел да алармираат на потреба да бидат трајно вработени во установата.

„Некои од нив работеа 10 години, некои помалку. Некои од нив работеа од месец, месец и пол, или година, година и пол без плата само да бидат дел од институцијата. Денеска после месец и пол задоволни сме дека тие веќе се дел од нашата здравствена институција во Тетово – 155 вработени. Процедурите административно ги завршивме, сега е само крајниот чекор за полагање на тој административен тест за да може да се потпишат и договорите помеѓу директорот и вработените“, рече Алиу.

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

To top