Македонија

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење не е рестриктивен, европски е, а над 45 отсто од возрасните пушат!

Предлог-законот за заштита од пушење, кој се очекува да стапи во сила на 1 март, не е рестриктивен, тој е европски. Станува збор за воспоставување на европски стандарди за заштита на здравјето, изјави за МИА министерот за здравство Азир Алиу. Преку податоците кои ги добивме од Светската здравствена организација над 45 проценти од возрасната популација пуши, што ја става нашата земја меѓу земјите со највисока стапка во Европа според начинот на користење на цигари или некаков вид тутунски производи, рече Алиу.

Во моментот, посочи министерот Алиу, Министерството за здравство уредува сеопфатна заштита на населението од штетните ефекти од употреба на тутунот и другите никотински производи, како и изложеноста на тутунски чад во животна средина. – Тоа ни е битен момент за да може да се уреди. Исто така, Предлог-законот е усогласен со меѓународните стандарди и целта на законот е унапредување на јавното здравје. Усогласен е со глобалните јавно здравствени политики што ги имаме потпишано како држава и во рамките на таа конвенција за контрола на тутунот која е потпишана Законот не е рестриктивен и истиот е европски. Европските стандарди за заштита на здравјето се воспоставени во овој закон. 

На прашање дали вакви слични закони се применуваат во земјите од регионот, рече дека дефинитивно се применуваат и во Европа и во некои земји од регионот. 
Според Алиу, целта е населението да се одвикне од пушењето и правилата се јасно дефинирани во сите европски земји.

– Значи истите правила се анализирани и се стандарди во нашиот предлог – закон. Законот не треба да се гледа како рестриктивен, туку како европски закон. Според направените анализи, младите користат некаков тип тутунски производи. Според глобално истражување за употребата на тутун кај младите (Global Youth Tobacco Survey-GYTS) во 2024 година, 13,6 проценти од учениците на возраст од 13 до 15 години моментално користат некаков тип тутунски производ. Ова е највисок процент евидентирани млади во државава, рече Алиу.

Тој смета дека со донесувањето на законот за заштита од пушење ќе се придонесе за намалување на бројот на пушачи во државава и за намалување на трошоците за лекување на заболувања предизвикани од пушењето. – Затоа паралелно со овој закон правиме цела програма за едукација и информации за штетноста и заболувањата кои се поврзуваат со пушењето. И цела 2026 година ќе биде поврзана со имплементација на законот и едукација и информации, особено за младите во нашата држава, додаде Алиу.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top