Македонија

Амбасадата на САД во Скопје објави безбедносно предупредување

Американците да ги следат упатствата во безбедносните предупредувања издадени од најблиската амбасада или конзулат на САД

Амбасадата на САД во Скопје објави безбедносно предупредување до сите американски граѓани.

Стејт департментот им советува на Американците ширум светот, а особено на Блискиот Исток, да бидат претпазливи.

Американците во странство треба да ги следат упатствата во безбедносните предупредувања издадени од најблиската амбасада или конзулат на САД.

Според предупредувањето периодичните затворања на воздушниот простор може да предизвикаат прекини во патувањето.

,,Дипломатските објекти на САД, вклучително и надвор од Блискиот Исток, беа цел на напади. Групите што го поддржуваат Иран може да ги таргетираат другите американски интереси во странство или локации поврзани со Соединетите Американски Држави и/или Американци низ целиот свет”, стои во предупредувањето.

Од амбасадата советуваат до сите граѓани на САД:

Регистрирајте се на step.state.gov за да ги добивате најновите безбедносни предупредувања и следете го каналот „Државен департмент на САД – Безбедносни ажурирања за граѓаните на САД“ на WhatsApp (се отвара во нов таб) или @TravelGov на X. Кога планирате патување, внимателно прочитајте го Предупредувањето за патување и деталните информации за вашата дестинација, како и сите неодамнешни предупредувања на travel.state.gov/destination.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

To top