Македонија

Анализа на работата на министрите ќе каже кој си оди а кој останува во Владата

Таму каде што сè е во ред ќе се продолжи со работа

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во изјава за медиумите се осврна и на најавената реконструкција на Владата, која според најавите на премиерот Христијан Мицкоски треба да се реализира кон средината на јуни.

Дурмиши изјави дека ќе се направи анализа на работата на сите функционери, како во коалицијата ВЛЕН, така и кај владините партнери, при што најави можни промени таму каде што ќе се утврди потреба.

„Коалициските партнери, а сега и со консолидирањето на ВЛЕН во еден политички субјект, нормално е по овие две години да се направи анализа на работата на сите функционери, како и кај коалициските партнери. Таму каде што ќе има потреба да се зголеми капацитетот на работа, нормално дека ќе има промени на поединци или промени на ресори, а таму каде што сè е во ред ќе се продолжи со работа“, изјави Дурмиши.

Тој додаде дека по завршувањето на процесот на мониторинг, копретседателите на ВЛЕН ќе седнат на разговори со коалициските партнери за да се утврди како Владата ќе продолжи да функционира во наредните две години.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

To top