Македонија

Андоновски: Дигитална лична карта и возачка од октомври

Официјална најава од министерот

Граѓаните од октомври би можеле да добијат нова можност за полесно користење на личните документи преку мобилен телефон. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека тогаш официјално ќе биде промовирана мобилната апликација м.Услуги, преку која личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни во дигитална форма.

„Можам официјално да најавам дека во октомври ќе организираме настан на кој ќе ја промовираме мобилната апликација м.Услуги. Во неа ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и две електронски услуги за граѓаните“, истакна Андоновски.

Преку апликацијата граѓаните на едно место ќе можат да пристапуваат до личните документи во дигитална форма и до електронските услуги на администрацијата. Целта е државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење, директно од телефонот.

Министерот посочи дека во изминатиот период интензивно се работело на прашањата поврзани со сајбер-безбедноста, заштитата и начинот на чување на личните податоци, како и нивната размена со Министерството за внатрешни работи, кое е сопственик на податоците.

„Во завршна фаза сме на усогласување и потпишување на протоколот за размена на податоците, како и на тестирањето на апликацијата. Сакаме, пред таа да биде достапна за сите, да бидеме сигурни дека системот е стабилен, безбеден и едноставен за користење. Апликацијата ќе биде достапна на App Store и Google Play, а нејзината тест-верзија досега ја презедоа околу 6.000 граѓани“, рече Андоновски.

Следниот чекор во дигиталната трансформација е мобилниот телефон постепено да стане дигитален паричник преку кој граѓаните безбедно и едноставно ќе пристапуваат до своите документи и до услугите на државата.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

Вреди: Ахмети со ДУИ „продаваше“ лажен патриотизам, а преку сватот зеде кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“ во Белград”!

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, нивната семејна бизнис-мрежа, далеку од очите јавноста, склучувала милионски договори директно во Белград, наведува „Вреди“ во соопштение.

Најнови вести

To top