Македонија

Андоновски: Државата се справи со софистициран сајбер напад врз дигиталната инфраструктура

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, соопшти дека изминатиот викенд државната дигитална инфраструктура била цел на сериозен и софистициран сајбер напад.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, соопшти дека изминатиот викенд државната дигитална инфраструктура била цел на сериозен и софистициран сајбер напад.

Станува збор за DDoS напад насочен кон веб-страниците на Владата, министерствата и националниот портал uslugi.gov.mk. Напаѓачите генерирале милиони лажни барања во подолг временски период, со цел да го оптоварат системот и да ја нарушат неговата достапност.

Министерот Андоновски истакна дека институциите навремено ја препознале заканата и реагирале брзо и координирано, поради што нападот бил ставен под контрола без да дојде до нарушување на безбедноста или компромитирање на податоците.

„Напади ќе има. Мора да бидеме будни. Како НАТО членка, мора да се однесуваме со највисока сериозност кога станува збор за заштитата на дигиталната инфраструктура и податоците што се дел од државните системи“, порача министерот.

Според извршените проверки, нема инфилтрирани, украдени или избришани податоци. Државните податоци остануваат целосно заштитени, а нападот не успеал да ги пробие безбедносните механизми.

Како превентивна мерка, системот бил привремено ставен во заштитен режим околу 20 минути за детална проверка и скенирање. По завршувањето на проверките, сите системи биле вратени во нормално функционирање.

Првичните анализи покажуваат дека нападите доаѓале претежно од надвор, преку прокси сервери, со цел прикривање на вистинските траги. Случајот е предаден во Министерството за внатрешни работи, кое ја води понатамошната истрага.

Андоновски го квалификува овој инцидент како сериозен тест за отпорноста на системот, но и како доказ дека државата гради силни капацитети за брз и ефикасен одговор на сајбер закани.

„Сакам да го пофалам тимот на Министерството, владиниот CIRT и сите економски оператори со кои соработуваме. Заканата беше навремено препознаена, координацијата беше брза, а системите беа вратени во нормала“, рече тој.

Министерството за дигитална трансформација продолжува со имплементација на Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028, со цел дополнително зајакнување на капацитетите, воспоставување јасна законска рамка и подобрување на механизмите за мониторинг и брз одговор.

Најнови вести од: Македонија

ЈСП губи патници: Дали во Скопје умира јавниот превоз и како да се зачува градската навика?!

Најголемиот недостаток во досегашните дискусии за јавниот превоз е што БРТ, лесното метро, градскиот воз и класичните автобуси често се третираат како одвоени решенија. Но, модерниот јавен превоз функционира токму спротивно – како мрежа во која различни видови транспорт се надополнуваат.

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

To top