Македонија

Андоновски: Нема да се уништува животната средина за да се изградат дата-центри

Нема сечење дрвја ниту загадување на вода и воздух

„Нема да дозволиме ниеден негативен ефект врз животната средина за да се градат дата-центри. Нема да се сечат дрвја, ниту ќе се дозволат какви било други штетни влијанија врз природата – водата, воздухот – за да добиеме некаков бенефит. Мислам дека тоа беа глуви, назадни зборови и желби на одредени поединци да создадат еден вид лажна хистерија“, рече денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

На денешната прес-конференција, Андоновски информираше дека се размислува дата-центрите да бидат лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони, на места каде што веќе има постојни фабрики – како браунфилд-инвестиции.

„Постојат дискусии и дебати на темата за поволностите и недостатоците на изградба на поголеми фабрики за податочни центри. Во ниеден момент нема да ја компромитираме животната средина со каква било инвестиција во државата. Секоја градба мора да помине елаборат за животна средина, особено кога станува збор за странски инвестиции, и нема да дозволиме да имаме каков било негативен ефект врз животната средина.

Во консултација со сите релевантни експерти од ИТ, машинство и индустрија, нема човек што зборува против изградба на центар за податоци. Прашањето е големината и соодветното влијание врз животната средина, но нема да направиме ниеден чекор што ќе значи злоупотреба на животната средина или, добивајќи бенефит од центарот за податоци, да ги загрозуваме водата, животната средина и воздухот“, дециден е министерот.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

Вреди: Ахмети со ДУИ „продаваше“ лажен патриотизам, а преку сватот зеде кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“ во Белград”!

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, нивната семејна бизнис-мрежа, далеку од очите јавноста, склучувала милионски договори директно во Белград, наведува „Вреди“ во соопштение.

Најнови вести

To top