Македонија

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Веќе завршуваме со дел од набавките и инсталирање на опремата

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовиран во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

-За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од набавките и инсталирање на опремата. Првпат ќе лансираме владин центар за одговор на сајбер инциденти. Обично ставам амбициозни рокови,  еве ќе речам, ќе го промовираме во првата половина од 2026 година, рече Андоновски во „Тема на денот“ на МТВ.

Тоа, појасни, ќе биде мониторинг центар за се што се случува во смисла на сајбер сообраќајот во владините институции.

-Ќе може рано да интервенираат доколку се случат определени напади и закани. Го дизајниравме со инфраструктура што ќе овозможи ширење, нема да биде огромен на почетокот, но полека полека ќе го збогатуваме со дополнителни инвестиции, истакна Андоновски.

Активностите се реализираат со поддршка од експерти од Велика Британија, САД и Естонија,  преку техничка помош, обуки и подготовка на подзаконски акти.

-Во наредниот период ќе имаме уште повеќе резултати и во пракса да видиме што ќе изградиме ново, но  секако и во подзаконски акти затоа што се важни и обврските кои ги има приватниот сектор, појасни министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

Вреди: Ахмети со ДУИ „продаваше“ лажен патриотизам, а преку сватот зеде кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“ во Белград”!

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, нивната семејна бизнис-мрежа, далеку од очите јавноста, склучувала милионски договори директно во Белград, наведува „Вреди“ во соопштение.

Најнови вести

To top