Македонија

Ангелов: Ние, македонските бранители го одбранивме територијалниот интегритет и суверенитет на нашата татковина

Нека ни е честит 8-ми септември, Ден на македонската независност!, напиша Стојанче Ангелов.

По повод денешниот празник 8 Септември, Стојанче Ангелов објави малку поинаква честитка, осврнувајќи се на воениот конфликт од 2001 година.

„Она за кое македонските револуционери, комити и партизани, се бореа со оружје, македонскиот народ, во 1991 година, го заокружи со пенкало, гласајќи за самостојна и независна македонска држава. Десет години подоцна, ние, македонските бранители, го одбранивме територијалниот интегритет и суверенитет на нашата татковина Македонија.

Нека ни е честит 8-ми септември, Ден на македонската независност!“, напиша тој.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top