Македонија

Апелацискиот суд има нов в.д. претседател

Судскиот совет се одлучи за Зоран Герасимовски, Тања Милева доби само два гласа

 

Зоран Герасимовски е избран за вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје, откако на седницата на Судскиот совет доби поддршка од девет членови.

Претходно, членовите на Судскиот совет гласаа за предлогот Тања Милева да биде в.д. претседател на Апелација-Скопје, но тој не доби потребно мнозинство.

За Тања Милева гласаа двајца членови на Советот, додека сите останати беа против предлогот.

Потоа на гласање беше ставен предлогот Зоран Герасимовски да ја извршува функцијата вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје.

За Герасимовски гласаа девет членови на Судскиот совет, додека двајца беа против.

Со тоа, Зоран Герасимовски е избран за вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје, функција што ќе ја извршува до изборот на нов претседател по редовна постапка.

Герасимовски е долгогодишен судија. За судија во Основниот суд Тетово е избран во 2005 година, а од 2017 година е судија во Апелациониот суд Скопје.

Во 2022 година беше избран за член на Судскиот совет од редот на судиите, но во 2023 година поднесе оставка од функцијата, образложувајќи дека поради несогласувања во работата на Советот смета дека поголем придонес може да даде како апелационен судија. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top