Македонија

УЈП во 2025 собралa над четири милијарди евра од даноци

Управа за јавни приходи

Во државниот буџет во 2025 година се слеале 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и придонеси, што е над 308 милиони евра повеќе од 2024, соопшти Управата за јавни приходи. Станува збор за највисок износ на наплатени јавни приходи досега, што, според институцијата, е резултат на подобрената наплата, засилените контроли и дигитализацијата на даночните процеси. Од УЈП информираат дека раст е забележан кај речиси сите основи на наплата, вклучувајќи данок на додадена вредност, персонален данок на доход, данок на добивка, како и придонесите за социјално осигурување. Посебен акцент се става на намалувањето на сивата економија и зголемената даночна дисциплина кај граѓаните и компаниите.

“Овиe бројки јасно покажуваат дека расте економијата се зголемува економскиот учинок а со тоа растат даноците и придонесите.Приходите од ДДВ се темелат на стабилен раст на данокот за платен промет во земјата. При што во повеќе месеци е забележан пораст од 10 до 13 проценти во однос на истиот период претходната година. Кај данокот на добивка растот произлегува од аконтативното плаќање на повисока даночна основа во 2025 година, како и од зголемената наплата на задржаниот данок од дивиденди и други приходи што компаниите ги исплаќаат кон странски основачи” изјави директроката на УЈП, Елена Петрова.

Даночните приходи изнесуваат 2 милијарди и 334 милиони евра, при што е остварен раст од 7,5 проценти, односно 163,2 милиони евра повеќе од 2024 година.Најголемиот раст е остварен во втората половина од годината, кога се реализирани речиси 80% од вкупното зголемување.

“Кај ДДВ имаме зголемен промет во земјата и по општа и по повластена стапка…тоа значи дека расте даночната основа.Истовремено повеќе данок се должи отколку што се побарува во овој период.Се забележува и бројот на ддв обврзници, но и подобра наплата на данокот на додадена вредност утврден во даночните контроли” – вели директорката на УЈП.

Кај социјалните придонеси се собрани 2 милијарди и 92 милиони евра, што е 145,2 милиони евра повеќе од 2024 година, односно раст од 7,5 проценти.

Од Управата велат дека резултатите се должат на подобра и навремена наплата и најавуваат продолжување на мерките и во 2026 година.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top