Македонија

Шукова ја одби понудата на Ѓорѓиевски да му биде соработничка како директор

Кандидатска понуда

Каја Шукова, кандидатката за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, рече дека не му се понудила на противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, да биде директорка на „Комунална хигиена“ доколку тој победи и додаде дека таа никогаш не би соработувала како негов помошник.

Во недостаток на план и визија за Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се обидува да биде вицкаст. Ова е коментарот на кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ.

На директно новинарско прашање дали би ја прифатила понудата за директорска позиција, Шукова одговори:

„Не сум размислувала на таа тема, јас имам сега друга работна задача. Јас сум тука да победам, да им дадам на граѓаните можност да имаме убаво, современо, чисто и зелено Скопје“.

Ѓорѓиевски вчера рече дека секоја идеја од противкандидатите која ќе придонесе за поквалитетен живот ќе биде земена предвид и применета.

„Горан Марковски ќе биде вклучен после изборите како дел од моите советници доколку би прифатил таква работа да помогне во однос на сите овие проекти кои што треба да ги реализираме. Каја Шукова, мислам самата се понуди за директор на „Комунална хигиена“. Може ќе спроведеме постапка – интервју. Ако се покаже дека е најдобар кандидат можеби ќе биде поставена за директор. Така што, апсолутно јас сум растоварен од тоа кој од каде доаѓа“, вели Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top