Македонија

Асоцијациите АПИС и АСОМ бараат јавна расправа во Собрание

Легалните објекти не се закана за младината, туку популизмот, кој затворајќи го овој економски сектор ќе ги направи младите лесен таргет на незаконските играчници, на кои државата ќе нема контрола, соопштија асоцијациите на приредувачите на игри на среќа АПИС и АСОМ кои побараа јавна расправа за новиот предлог-закон.

Асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и во спортски обложувалници, АПИС и АСОМ, денеска доставија барање до Собранието да организира јавна расправа за предлог законот за игри на среќа и забавни игри.

  • „Барањето е согласно член 129 став 2 од собранискиот Деловник, Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело да ја организира јавната расправа. Примената на ваквата демократска алатка ќе овозможи претставници на асоцијациите и на вработените во легалните објекти да ја споделат со пратениците сопствената експертиза и професионалното искуство. Сметаме дека е неопходно во законодавниот дом да ги соочиме аргументите и, најважно од сè,’ јавноста да добие точна претстава за тоа какви штетни последици ќе предизвика усвојувањето на овој предлог закон“, се вели во соопштението од АПИС и АСОМ.

Асоцијациите дополнуваат дека долг период игрите на среќа се цел на негативна кампања во која се нафрлаат разни клевети.

  • „Легалните објекти не се закана за младината. Закана за младината е популизмот, кој затворајќи го овој економски сектор ќе ги направи младите лесен таргет на незаконските играчници кои ќе се одвиваат по подруми, а државата ќе нема никаква контрола. Уверени сме дека е неодговорно по секоја цена да се донесе закон кој на среден рок ќе направи страшни последици кои многу тешко ќе можат да се поправат“, соопштија асоцијациите.

АПИС И АСОМ бараат да бидат слушнати.

  • „Сметаме дека е вообичаена демократска пракса да бидеме ислушани. Особено што сите видови приредувачи на игри на среќа вкупно гледано се најголем приватен работодавец во државата, голем дел од нашите членки имаат капитал од ЕУ, сме општествено одговорни компании кои донираат во јавното здравство, спортот, во културата, покровители сме на многу хуманитарни акции. Нашата експертиза и знаење треба да бидат уважени, со цел изработка на одржливо законско решение во согласност со највисоките европски и светски стандарди за организирање игри на среќа“, се вели во соопштението.

Со предлог-законот се предвидува сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Во обложувачниците што се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта, пак, нема да биде дозволено поставување електронски видеолотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа. Се воведуваат и строги ограничувања за рекламирањето на игрите на среќа.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top