Македонија

Август заминува со температури над 35 степени

Денеска максималната ќе достигне од 32 до 39 степени, соопшти Управата за ходрометеоролошки работи

 

Летото нема да попушти ниту последниот (воедно продолжен) августовски викенд. па  во најголем дел од земјата се очекува сончево и многу топло време, со температури кои повторно ќе надминуваат 35 степени.

Денеска , мнималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени, соопшти Управата за ходрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Викендов претпладне времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, информира УХМР.

Во недела, 30 август, времето ќе остане топло, но температурите ќе бидат нешто пониски. За Скопје се прогнозираат околу 34–36 степени, со мала веројатност за попладневен дожд.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top