Македонија

Багери со песок помагаат во затрупување на пожарот во Трубарево, за да не се рашири (ВИДЕО)

На местото се присутни повеќе противпожарни бригади, чии припадници дејствуваат со заштитна опрема и поради горењето на пластични материи со целосна опрема и возила за гаснење.

Со градежна механизација се затрупува локацијата каде од саботата рано попладнето избувна пожар во погоните на компанијата „Ф-Групација“, која се занимава со електронски отпад. Ваквиот чекор како најбрз начин, за да се гасне дел по дел од опожарената локација, е преземен, откако вечерва се распламте огнот и се заканува да зафати уште поголема површина. Ова го објави вечерва новинската агенција Нетпрес.

Натаму агенцијата наведува: Истовремено се носи и ситен песок за гаснење. Главната цел, покрај гаснењето, е пожарот да не се рашири. На местото се присутни повеќе противпожарни бригади, чии припадници дејствуваат со заштитна опрема и поради горењето на пластични материи, со целосна опрема и возила за гаснење. Во моментов поради паѓање на вечерта веќе не дејствуваат хеликоптерите и „воздушните трактори“.

Покрај присутни полициски службеници се и градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и на Аеродром Дејан Миткоски.

Видео

https://www.facebook.com/StefkovskiB/videos/775995248629688

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top