Македонија

Банов: Ревизорите за 2024 година, утврдиле дека ПОЦ отпишала над 3 милиони денари долгови

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да отвори предмет по допрен глас за работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да отвори предмет по допрен глас за работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), повикувајќи се на наодите од ревизорскиот извештај за 2024 година.

На прес-конференција, потпретседателот на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Банов, изјави дека според Државниот завод за ревизија, во текот на 2024 година биле отпишани повеќе од три милиони денари долгови, од кои 2,221 милиони денари се однесуваат на физички лица, а 912 илјади денари на компании. Според него, останале ненаплатени и 247 илјади денари данок на личен доход.

Банов посочи дека ревизорите констатирале дека постои „ефект на нереално и необјективно презентирање на финансиските извештаи“, оценувајќи дека ваквите наоди бараат институционална истрага.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат обвинителството да ги испита сите околности околу отпишувањето на долговите, како и да утврди дали со тоа е нанесена штета на државниот буџет.

Партијата, исто така, побара од раководството на ПОЦ и од Општина Центар јавно да соопштат кои физички и правни лица добиле отпис на долговите, како и дали меѓу нив има лица или компании поврзани со СДС.

Воедно, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека јавноста заслужува целосна транспарентност за начинот на кој се користеле средствата на граѓаните во Општина Центар.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top