Македонија

Барди: Главата горе, ова не е крајот. Македонија секогаш наоѓа сила да се врати

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација со емотивна порака на Инстаграм за црната серија без победи и голови

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, со емотивно обраќање до нејзините фанови побара трпение и порача дека црната серија од 11 натпревари без победа, со само два дадени гола и ниту еден во последните осум меча не е крајот на приказната.

„Дадовме сè од себе, се боревме до крај, но некогаш ни максимумот не е доволен.
Многу тешки денови поминавме, за секого беше тешко. Одиме заедно да се вратиме подобри. Самокритика и машки да се вратиме.
Разочарувањето боли.. Но, ако нешто научивме низ годините, тоа е дека Македонија секогаш наоѓа сила да се врати.
ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ. МОРАМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ!
Главата горе. Ова не е крајот на нашата приказна ❤️“, напиша Барди на Инстаграм.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top