Македонија

Берберот Али Февзи ја продолжува традицијата да носи „новогодишна магија“

500 пакетчиња радост за социјално загрозени дечиња

Од скромен берберски дуќан до место каде што се раѓаат насмевки и се сплотуваат срца – така се опишува салонот на берберот Али Февзи од скопската населба Аеродром. Во духот на новогодишните празници, Али веќе со години влегува во улогата на Дедо Мраз и им ја носи магијата на Новата година на децата од социјално загрозени семејства.

Со новогодишни пакетчиња, топол збор и искрена грижа, им овозможува барем за миг да ја почувствуваат радоста што празниците ја носат. Годинава, благодарение на донации од хумани граѓани и општествено одговорни компании, обезбедени се околу 500 новогодишни пакетчиња.
Али Февзи вели дека оваа хуманитарна мисија ја започнал со јасна порака – радоста не смее да биде привилегија.

„Знам дека сега пред Нова Година е со делење на пакетчиња. До сега навистина многу хумани луѓе се пријавија. Земаат од плата и пензија даваат пари, а моќните луѓе ги чекаме – знам дека до крајот на годината ќе покажат хуманост и слух, ќе донираат барем по едно пакетче за децата затоа што видеовте и самите дека се пред дуќан. Има ранлива категорија на деца што не молат за пакетче. Денеска поделивме заедно со гопоѓа Елена и други хумани луѓе што се пријавија како волонтери скоро 400-500 пакетчиња пред дуќанот, тоа беше денеска гунгула“ вели Али Февзи, бербер

Берберот апелира ваквите иницијативи да прераснат во традиција и да се прошират низ целата земја. Според него, секој може да придонесе – без разлика дали донацијата е мала или голема, затоа што секоја помош значи искра радост во детските очи.

„Имаше госпоѓа Соња која донираше пелени и влажни марамчиња. Имавме и тримесечно бебе – не можеше да остане дома, дојде со родителите. Тоа многу ме воодушеви. Од 2020 година наваму, од 300 пакетчиња стигнавме до 2.000. Досега имаме донирано над 1.000 пакетчиња, посетивме и деца со попреченост, каде што однесовме повеќе од 100 пакетчиња“ вели Али Февзи, бербер

Во акцијата „новогодишна магија“ десна рака на Али Февзи е Елена Андреевска, соработка со него започнала сосема случајно, а прераснала во силно хуманитарно партнерство. Нејзиното животно мото е дека хуманоста е заразна, во најпозитивната смисла на зборот.

„Имав една драга случка, така да кажам, кога одевме кон дневен центар и тие деца на кои им ондесовме пакетчиња, трчаа по мене и ми даваат некои работи кои што ги имале направено и нацртано. И толку беа благодарни за тоа што ние дојдовме таму, беа толку среќни. И кога им кажав дека пак ќе дојдеме да им донесеме она што им е потребно, тие почнаа да пејат, да рецитират песнички, и ги земав цртежите што ми ги подарија и ги ставив дома, онака ги закачив како најголема благодарница, како еден голем успех кој до сега го имам направено, тоа ми е онака како медал“вели Елена Андреевска, помошничка од „Биди Али“

Берберскиот дуќан на Али Февзи крие и богата семејна историја. Занаетот го наследил од неговите татко и дедо, продолжувајќи традиција долга повеќе децении. Денес, освен како мајстор на ножиците и машинката, Али Февзи е препознатлив и како симбол на хуманост – човек кој од својот дуќан создаде место каде што празничниот дух живее во текот на целата година.

Најнови вести од: Македонија

Гувернерот Славески: Ќе ја зачуваме макроекономската стабилност и покрај новите ризици

Народната банка внимателно ги следи актуелните трговски и геополитички тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, кои значително ги зголемија глобалните ризици, предизвикувајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата.

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top