Македонија

Берсе: Бугарија е должна да ги спроведе пресудите на ЕСЧП

Да се биде членка на Советот на Европа не значи само да се биде дел од клубот, туку и да се прифати обврската за спроведување на сите пресуди на Европскиот суд за човекови права

Генералниот секретар на Совет на Европа, Ален Берсе, изјави дека сите земји-членки на организацијата, вклучително и Бугарија и Македонија, имаат обврска да ги спроведуваат пресудите на Европски суд за човекови права.

Во интервју за МИА, Берсе се осврна на пресудите поврзани со македонското малцинство во Бугарија и нагласи дека суштината на тие одлуки е да се овозможи регистрација на организациите.

– Да се биде членка на Советот на Европа не значи само да се биде дел од клубот, туку и да се прифати обврската за спроведување на сите пресуди на Европскиот суд за човекови права – изјави Берсе.

Тој потсети дека во последните две децении судот донел 14 пресуди во кои е утврдено прекршување на членот 11 од Европската конвенција за човекови права, кој се однесува на слободата на здружување.

Берсе истакна дека прашањето редовно се разгледува од страна на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој го следи спроведувањето на судските пресуди во земјите-членки.

– Одлуките на судот се јасни и тие мора да бидат спроведени. Не можеме да прифатиме ситуација во која тие нема да се реализираат – нагласи генералниот секретар на Советот на Европа.

Тој додаде дека во последните месеци има одреден напредок во разговорите со Бугарија и изрази надеж дека ќе има позитивен исход.

Според Берсе, процесот на спроведување е сложен и бара време, но клучно е да се обезбеди трајно и квалитетно решение.

За време на неговата прва официјална посета на земјава, Берсе најави и нови активности поврзани со претстојното претседавање на Македонија со Комитетот на министрите на Советот на Европа во ноември следната година.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top