Македонија

Бесмислено е Србија да влезе во ЕУ, а Македонија и БиХ не, смета Вучиќ

Српскиот претседател со добрососедска изјава на Конференцијата на претседатели на парламенти на кандидатките за ЕУ во Белград

Наспроти оптимистичките најави дека Црна Гора ќе влезе во Европската унија до 2028 година, српскиот претседател Александар Вучиќ не е оптимист дека кој било од Западен Балкан ќе го стори тоа во наредните неколку години, сметајќи го за бесмислено влегувањето на неговата земја без соседите Македонија и Босна и Херцеговина.

„Не сум оптимист за брзо членство во ЕУ за никого од нас. Ме сметаа за песимист и претпазлив човек, но очигледно е дека бев во право. Не мислам дека ЕУ ќе може да донесува одлуки за проширување во следните неколку години, но тоа не значи дека не треба брзо да продолжиме по нашиот европски пат – да спроведуваме реформи“, нагласи Вучиќ на отворањето на дводневната Конференција на претседатели на парламенти на земјите-кандидати за членство во ЕУ, која почна денеска во Белград.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top