Македонија

Бесплатни обуки во областа на дигиталната писменост и економска инволвираност за карпошани

Низа поволности од Општина Карпош

​Општина Карпош во соработка со аутсорсинг компанијата Таск-ХРС, од 14.04.2026 година, ќе започне со реализација на  бесплатни обуки за дигитална писменост и економска инволвираност, како проект од годишната програма за еднакви можности меѓу жените и мажите.

Следење на обуките ќе опфати три категории и тоа постарите жители на Карпош, лицата во социјален ризик и лица од маргинализирани групи.

​Имено, обуките ќе се одржуваат секој вторник во просториите на ООУ ,,Јан Амос Коменски” , со почеток од 18 часот и еден час ќе трае 90 минути по сесија. Предавањата се распоредени во вкупно 12 недели, а заинтересираните граѓани, претходно своето присуство потребно е да го најават на телефонскиот број  071/376-080.

​Оваа иницијатива ќе им помогне на повозрасните граѓани, како и на лицата од социјален ризик и маргинализираните групи граѓани, полесно да зачекорат во дигиталниот свет, односно да стекнат вештини за примена на паметните телефони, како и користење на услугите како што се електронското банкарство, комуникациски апликации, социјалните мрежи итн. Во рамки на обуката ќе се говори и за основите за користење на електронските уреди, безбедното пребарување на интернет мрежата како и користење на електронската пошта, користење на јавни електронски услуги, дигитална економија и можности за дополнителни приходи.

Најнови вести од: Македонија

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top