Македонија

Без електрична енергија делови од неколку скопски општини, како и населени места во Студеничани

Планираните прекини во испораката на струја во некои населби, или улици во Скопје веќе започнаа во 8 часот, на повеќе места ќе уследат во 8,30 часот а ќе траат до 13 часот, или до 14,30, но некаде и до 16 часот.

Како што соопшти РЦУК Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 08.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Долно Лисиче ( општина Аеродром), од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од ул. 4 и ул. 10 во Сарај (општина Сарај ), а од 08.30 до 16.00 часот, корисниците на области од Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава (општина Студеничани ).

Во периодот од 09.00 до 12.00 часот ќе останат без струја и корисниците од бул. Борис Трајковски лоцирани од раскрсницата со патот кон Лисиче према Охис, кон Драчево од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани меѓу објектите на Циле Инжинеринг и Интеграф ( општина Кисела Вода), во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули лоцирани околу српската амбасада (општина Центар), од 09.00 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул. Пијанец (општина Карпош ) и во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците на блокот згради лоцирани на потегот од бул. Партизански Одреди бр. 17 кон ул. Максим Горки.

Најнови вести од: Македонија

Лекарите на хартија дежураат без пауза, а за пациентите нема термин ни за лек, можно ли е?!

Министерството за здравство со строги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел обезбедување ефикасна работа и транспарентност. Министерот Азир Алиу најави воведување нов систем за евиденција на работното време преку отпечаток од прст и нагласи дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

Сиљановска-Давкова: Барањата од соседите кон Македонија се надвор од европските критериуми! ЕУ да ја преиспита политиката кон Западниот Балкан

Претседателката на Република Македонија д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. Според неа, барањата на соседите со коишто се соочуваме со децении отстапуваат од Копенхагенските критиериуми и не се во духот на конститутивните акти на Европската унија. Таа потсети на десeттината „да“од страна на Европскиот парламент и Европската комисија и уште толку „не“ од Европскиот совет заради вето од некои соседи.

10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид, првите нови авиолинии почнуваат на 29 и 30 март до Милано и Неапол

Летниот распоред на летови од двата македонски аеродроми управувани од ТАВ Македонија, почнува престојниов викенд – во недела на 29 март и со него ќе има вкупно 10 нови дестинации – 6 нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје: Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун, како и 4 нови авиолинии од Аеродромот Св. Апостол Павле […]

Со 22 милиони евра се запечатува енергетската стабилност на Скопје за следните 20 години

Силна порака по повод пуштањето во употреба на новиот енергетски проект во главниот град. Оваа инвестиција од околу 22 милиони евра не е само бројка, туку стратешки чекор кој ќе овозможи Скопје непречено да се развива во наредните две децении. Со подобрувањето на напонското ниво од 110 киловолти, драстично се зголемува надежноста на мрежата.

Ѓорѓиевски: Нова зона и нови дигитални услуги за корисниците на „Градски паркинг“ – чекор напред кон поуредено и пофункционално секојдневие во Скопје!

Денес заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и директорот на ЈП „Градски паркинг“ Владимир Кроневски го означивме почетокот на нов, современ начин на користење на услугите, како и стартот на новата зона Д 12 во Реонскиот центар во Општина Аеродром. Станува збор за простор кој се уредуваше во повеќе фази, поради неговата големина и значење. – објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на свјот официјален фејсбук-профил.

Најнови вести

To top