Македонија

„Безбеден град“ стартува од 1 јануари, еве од кога почнува пробниот период

Имплементација на цела територија на Македонија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МИА, меѓудругото, говореше и за проектот „Безбеден град“, кој почнува со примена од 1 јануари.

Дел од законските измени допрва треба да поминат во законодавниот дом, но министерот појасни и од кога ќе се започне со пробниот период.

https://expres.mk/makedonija/selektivno-rabotenje-vo-obvinitelstvoto-ne-se-postapuva-po-krivichni-prijavi-za-poraneshni-funkcioneri-smeta-toshkovski/

Во овој временски период, граѓаните ќе бидат информирани за сообраќајните прекршоци кои ги сториле.

Ова е пакет на закони, шест закони мислам дека се поврзани со промената на потребната законска легислатива и понатаму правилници коишто дополнително ќе треба да ги измениме. Во рамки на собраниска процедура е влезен Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата. Исто така во процедура е влезен Закон за прекршоци, којшто директно е поврзан со имплементација на „Безбеден град“ и во иднина безбедна држава. Понатаму ќе следат Кривичниот законик, Законот за извршување на санкции, Законот за возила веќе е променат во однос на сето она којашто требаше да биде поврзана со Сејф сити, така што имаме еден пакет на закони коишто е потребно да се променат и идејата на Министерството за внатрешни работи и целта е, заедно со оние теренски активности коишто се преземаат и законските измени коишто ќе се извршат, отпочнување на овој проект да биде 1.1. 2026 година. Зошто 1.1. 2026 година? Од 1.1. 2025 година, со измената на Правилникот во однос на регистрирање на моторни возила, се отпочна со процес на собирање на сите потребни податоци и информации коишто се поврзани со сопственикот на возилото. Така што, формално правно, можеме да отпочнеме со имплементирање од 1.1.2026. година, со тоа што запознаени се добро граѓаните дека овој систем ќе функционира во комуникација со граѓаните преку нивните мобилни телефони, односно преку испраќање на порака на нивните мобилни телефони на телефонскиот број којшто го оставиле во Министерството за внатрешни работи. Се надевам дека најдоцна до 1.12.2025 година ќе отпочнеме со активна примена на овој Сејф Сити систем. Со тоа што наредните вие триесет дена би ги искористиле за информирање на граѓаните дека на конкретна сообраќајница сториле конкретен сообраќаен прекршок, се цел да ги подготвиме, да има еден месец да ги подготвиме, да има како еден почетен пробен тест период, сè додека не стапат во сила официјално измените на сите оние законски прописи, вели Тошковски во интервју за МИА.

https://expres.mk/makedonija/toshkovski-za-malku-kje-bil-pregazen-od-deca-so-elektrichen-trotinet/

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top