Македонија

Бихаќки мизогини страсти – Зошто СДСМ тргна во напад и оцрнување на жени

Во трите случаи СДСМ лаже, додава, манипулира, измислува или замислува работи со цел да добие поени во јавноста но според коментари на социјалните мрежи се соочува со  ,,бумеранг ефект”

За само два дена пропагандата на СДСМ во обид да направи политички поени јавно удри по три жени и покажа дека на Бихаќка постои висок капацитет за демонстрација на мизогинија.

Неделава во три наврати СДСМ почна три различни медиумски напади: врз претседателката Гордана Сиљановска-Давкова,  врз портпаролката на владата Марија Митева и врз сопругата на градоначалникот на Скопје Орце, Мартина Ѓорѓиевска.

Во нападот врз Гордана Сиљановска Давкова таа се обвинува дека бара да се купи нов државен авион иако претседателката во изјавата на побаран коментар од новинарите воопшто не побара набавка на летало туку само објаснува како е да се лета во ,,владиното авионче”.

Колку е нападот налудничав меѓу другото може да се заклучи и од предходните обвинувања од Бихаќка и други фрустрирани луѓе во јавноста во кои таа се обвинува дека е изолирана а сега ја обвинуваат дека многу се возела во странство со владиниот авион.

Во ситуација кога таа воопшто не бара да се купи авион туку објаснува дека тоа е најкорисен начин да се врши државната дипломатската мисија, СДСМ без никаква основа ја напаѓа притоа свесно заборавајќи дека токму Бихаќка предходно бараше да се купи авион.

Тоа што Македонија еднаш изгуби шеф на држава, најверојатно поради стар авион, за СДСМ не е никаква причина барем да ги слушне искуствата на Сиљановска Давкова за која има информации дека иако и следува поскапата ,,бизнис класа” со неа не лета дури ни на прекуокеански летови.

Во случајот со Мартина Ѓорѓиевска, сопругата на градоначалникот на Скопје, СДСМ измисли дека таа носи чанта од скап бренд кој наводно и ја подарил сопругот иако од фотографиите јасно се гледа дека се работи за друга чанта која чини 15 евра

Тоа што тие што се занимаваат со мода укажуваат дека чанта од брендот Хермес не може да се добие дури и ако Мартина има пари и желба, за СДСМ не е доволно да се повлече.

Надменоста на СДСМ и непочитувањето кон, во случајов жените, се покажува и кога Мартина бара извинување а од Бихаќка воопшто не ја удостојуваат со одговор туку продолжуваат политички да се пресметуваат со нејзиниот сопруг.

Со игнорирањето на личноста која е мета на нивните лаги од СДСМ се обидуваат да ја понижат што исто така е форма на мизогонија.

Во случајот со портпаролката на владата Марија Митева, СДСМ најави процес пред Судскиот совет затоа што Митева во емисија пренесла гласини дека Андреј Жерновски изгубил процес пред македонаките судови.

Наместо Жерновски да објасни дека уште минатата година загубил тужба против претседателката Сиљановска-Давкова затоа што немал доволно аргументи, тој сега измислува дека имало влијание на власта врз судството.

Гласините за кои зборува Митева а се однесуваат на Жерновски се од категоријата ,,јавна тајна” и ги знаат сите новинари поупатени во судските состојби.

Да живееше Жерновски во реалноста ќе знаеше дела секој малку подобро етаблиран новинар со мал напор може да дознае дека Жерновски ја тужел претседателката Сиљановска-Давкова и судот одлучил дека таа имала законска основа да го потпише указот за неговот враќање од амбасадорската позиција. Позиција  на која го прати владата на СДСМ и ДУИ а ја вршел надвор од правилата на Виенската конвенција за дипломатски протокол.

Да не е најпознат по два преходни гафа, еднаш кога зборуваше за паѓање на трибина на градскиот стадион во Скопје и еднаш кога објави лага за Сиљановска па потоа ја бришеше од Фејсбук, Жерновски можеби ќе имаше некаква можност да добие некакви поени во јавноста.

Вака, барем според коментарите на социјални мрежи само се ,,дозакопа” како човек кому не може да му се верува.

Во трите случаи СДСМ лаже, додава, манипулира, измислува или замислува работи со цел да добие поени во јавноста но според коментари на социјалните мрежи се соочува со  ,,бумеранг ефект”.

Не само што СДСМ со нападите врз трите жени не доби поени туку загуби затоа нивните последни агресивни тези кои ги користат како основа на мизогинијата, не се вистинити.

 

Покрај тоа што неделава без сериозни аргументи Бихаќка удри врз жени, во СДСМ треба да се замислат и за прашањето: кој ги турка јавно нивните мизерни пресметки пред јавноста.

Дури и ако еден ден најдат аргументи за пресметка со своите политички противници или со нивните жени тешко дека од тоа ќе имаат некакво фајде затоа што симболите на сите нискости на СДСМ, а меѓу нив се тие што ги напаѓаат Сиљановска-Давкова, Митева и Ѓорѓиевска, нема да бидат прифатени како релевантни.

Андреј Жерновски кој триесет години живее од политика без да има еден сериозен резултат зад себе и Богданка Кузевска како симбол на владеењето на Зоран Заев, Артан Груби и Стево Пендаровски не можат да бидат сериозни ,,обвинители” дури и кога еден ден ќе најдат некакви аргументи.

 

Според прифатените дефиниции за женомразие — омраза или предрасуда кон жени или девојки мизогинијата може да се манифестира на повеќе начини, вклучувајќи ја половата дискриминација, оцрнувањето на жени, насилството врз жени и сексуалната објектификација на жените.

 

Во оваа мизогинија на СДСМ нивната пропаганда решила наеднаш да оцрнува три жени. А за тоа време нивната женска организација гледа и молчи како партијата се пресметува со жени без да понуди сериозни аргументи.

 

А. Ѓ.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top